Интер и Сити се договорија за Балотели

"Газета дело Спорт" тврди дека Масимо Морати договорил трансфер вреден 35 милиони евра.

Италијанското авторитетно издание"Газета дело Спорт" тврди дека претседателот на Интер, Масимо Морати постигнал договор со шефовите на Сити за трансфер на Марио Балотели на "Истленд".

Според последните информации, "нероазурите" ќе заработат 35 милиони евра за младиот репрезентативец на Италија.

"Газета дело Спорт" оваа веста ја објави на насловната страница под наслов "Бѕе Бѕе Балотелли", што јасно говоир дека иднината на малдиот фудбалер веќе е јасна.

Често изминатите денови можевме да прочитаме дека Балотели "во Интер е раскаран со сите" - не само со навивачите, туку и соиграчите повеќе не можеле да го 'поднесат од причина што ја расипувал атмосферата во соблекувалната'

Морати веќе се договорил со "граѓаните" и останува уште Балотели да ги договори личните услови со тимот на Манчестер, пред трансферот и официјално да биде соопштен.

Според информациите, тој ќе побара 5-годишен договор со Сити и плата од 4 милиони евра по сезона.

Засега Сити му предлага по 2,5 милиони евра годишно и Марио размислува за предложената понуда. Се тврди дека најверојатно двете страни ќе постигнат некаков компромис за годишните примања на фудбалерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...