СО ЗАМИНУВАЊЕТО НА РАУЛ ВО ШАЛКЕ

Роналдо и се враќа на "седумката"

Имајќи предвид дека Раул Гонзалез си заминува од Сантијаго Бернабе, од новата сезона Кристијано Роналдо ќе му се врати на својот омилен број - 7. Португалецот минатото лето мораше да ја прими "деветката" при доаѓањето од Манчестер Јунајтед затоа што немаше никакви шанси против капитенот и легендата на клубот кој со бројот седум ја помина целата кариера во Реал. Сега Раул е пред трансфер во Шалке и тоа е позитивна вест за Роналдо кој му се враќа на омилениот број.

Како што е познато, договорот на Раул со Реал Мадрид истекува идното лето, но тој не е во плановите на Жозе Мурињо и затоа ќе си ја бара среќата во Германија. Во "кралскиот клуб" веќе му подготвуваат проштален натпревар, но за тоа се уште нема официјални информации. Се спомнува 24 август кога Реал Мадрид би требало да одигра хуманитарен натпревар против светските ѕвезди, а на тој меч би требало да се прости и Гути кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Бешикташ.

Што се однесува до Роналдо, "седумката" беше негов заштитен знак во текот на целата кариера. Со неа почна уште во Спортинг, продолжи во Манчестер Јунајтед, а овој број е негова сопственост и во португалската репрезентација. Поради промената на бројот, тој лани го смени името и на својата колекција од ЦР7 во ЦР9, но сега најверојатно ќе го врати старото име. Меѓу другото, првпат по долго време, лани Роналдо не успеа да освои трофеј, но не смее да заборави дека не ја носеше омилената "седумка".

Со заминувањето на Гути, слободен во Реал Мадрид ќе остане и бројот 14, но главен кандидат за него е Чаби Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...