Играчите на Ливерпул кои учествуваа на Светското првенство во Јужна Африка не се најдоа во составот на најтрофејниот англиски клуб кој допатуваа во Скопје за дуелот од 3-то квалификациско коло од Лигата на Европа против Работнички.
Капитенот Стивен Џерард, новата аквизација од Челзи Џо Кол, светскиот првак Фернандо Торес, искусниот дефанзивец Џејми Карагер и Глен Џонсон не се дел од тимот кој утре вечер ќе истрча на Арената "Филип Втори" во Скопје. Тие останаа во клубската база каде се подготвуваат за почетокот на новата сезона.
Домашните вљубеници во 'најважната споредна работа на светот' ќе можат да уживаат во мајсториите на новите засилувања Србинот Милан Јовановиќ и Дени Вилсон, кои се дел од дваесет члениот состав, како и играчите од одбраната Мартин Шкртел, Даниел Агер и Сотиориос Киргијакос. Тука е и Аквилани.
Вака изгледа експедиција на Ливерпул, која попладнево пристигна во Скопје за дуелот со Работнички: Кавалиери, Шкртел, Агер, Ајала, Киргијакос, Аквилани, Лукас Леива, Вилсон, Јовановиќ, Н'гог, Спиринг, Дарби, Шелви, Кели, Еклстон, Хансен, Гулаши, Инс, Амо, Дала Вале.