СО НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО

Фабрегас се приклучи на тренинзите на Арсенал

Капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас вчера се приклучи на тренинзите на својот тим, но раководството на клубот заедно со менаџерот Арсен Венгер побараа од него да се обврзе на верност кон "топчиите" поради се пожестокиот притисок од Барселона летово да направи трансфер на Ноу Камп. Освојувачот на титулата од последното Светско првенство со репрезентацијата на Шпанија цело лето беше во центарот на вниманието токму поради отворената понуда за преселба во Барселона која се уште не се откажала од својот поранешен фудбалер.

Барса, од чија фудбалска школа излезе Фабрегас и пред седум години дојде во Арсенал, летово испрати понуда од 30 милиони фунти за него, но тоа е премалку за челниците на лондонскиот клуб кои по никоја цена не сакаат да се откажат од својот капитен. Освен тоа, во јавноста наизменично излегуваа ѕвездите на Барселона: Карлес Пујол, Лионел Меси, Чави и Иниеста кои постојано повторуваа дека очекуваат ова лето како партнер на теренот да го имаат Фабрегас.,

А, 23-годишниот Шпанец вчера во одлично расположение тренираше со фудбалерите на Арсенал на својот прв тренинг во пресрет на новата сезона. На почетокот од оваа недела тој пристигна во Лондон, а откако имаше една средба со менаџерот Венгер, вчера почна и да тренира. На стадионот на Арсенал, каде што вчера се одржа тренингот, присуствуваа десетина илјади навивачи на "топчиите" кои со овации го пречекаа Фабрегас и со неколку транспаренти јасно му ја искажаа својата љубов замолувајќи го да остане. Фудбалерот не даде изјава, но беше очигледно дека е среќен поради ваквиот пречек од навивачите.

Инаку, новата сезона во Премиер-лигата почнува идниот викенд, а поради доцното приклучување на подготовките, Фабрегас најверојатно нема да игра на отворањето против Ливерпул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Тројца пријатели умираат во сообраќајна несреќа и се наоѓаат пред портите на рајот. Пред да влезат Свети Петар ги прашува:
- Замислете си дека сте во ковчег и дека пријателите и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на учителите
1502.- На своето четврто патување во Америка,...
1582.- Според предлозите на една комисија од...
1713.- Роден е Дени Дидро, француски филозоф,...