Јонуз напаѓа со Пандев, Илчо и Тричко...!!!

Македонската фудбалска репрезентација во Малта го почнува одбројувањето до стартот на квалификациите и дуелот со Словачка на 3 септември во Братислава. Серијата успешни тест средби треба да ја завршиме утре против слабиот состав на Малта, кој ќе биде последен тест за избраниците на Мирсад Јонуз пред стартот на битката за пласман на ЕП 2012. И кога станува збор за последен тест тоа значи дека во нашиот национален тим се мобилизирани сите освен капитенот Шумуликоски, кој прави трансфер во Русија. Се враќаат Горан Пандев и Илчо Наумоски, што значи дека со силен напад одиме на пол погодок на островото.

"Ова е меч на кој треба да победиме. Најважно е да се одигра добро и да се продолжи серијата на добри резултати на овие тест натпревари...", коментира од Ла Велета нашиот голгетер Илчо Наумоски.

"Нормално дека секогаш чувството е добро кога сум со репрезентацијата. Така е и сега. По 5 месеци повторно сум тука и подготвен на уште еден меч да го дадам максимумот. Верувам дека тоа е така кај сите што сме тука па затоа и треба да очекуваме голови и победа на утрешниот меч", додава Наумоски, кој поради повреда не беше дел од тимот на тест средните со Азербејџан (3:1) и Романија (1:0), кои завршија со наши победи.

Според формата, составот и последните резултати нашите момци важат за апсолутни фаворити на дуелот со Малта.

"Малта!? Немам многу информации. Во денешно време секој секого може да изненади, но тоа нам не смее да ни се случи. Сега кога се бројат деновите до квалификациските дуели со Словачка и Ерменија треба да се одигра најдоброто. Ова ни е последната проверка...", појаснува Илчо околу утрешниот противник и очекувањата.

Наумоски со Пандев и Тричковски ќе бидат ударното трио на селекторот Мирсад Јонуз за последниот тест пред квалификацискиот старт за три недели во Словачка. Илчо и Горан секогаш се меѓу стартерите, а за првпат друштво во нападот ќе им прави Тричковски, кој игра во одлична форма за кипарскиот АПОЕЛ.

"Тројцата се во првиот тим и со нив утре ќе нападнеме против Малта. Одбраната е стандардна, а во средниот ред треба да направиме измени. Поради неиграњето на Шумуликоски ќе видиме како тоа ќе оди со Марио Ѓуровски, а тука се и стандардните Георгиевски и Деспотовски. Радува тоа што Горан Попов се врати по повредата и тоа во вистинско време за нас...", беше извештајот на селекторот Мирсад Јонуз од Малта каде вчера се собраа стручниот штаб и репрезентативците.

Пред дуелот со Малта нашите најдобри фудбалери ќе имаат само два тренинга. Првиот беше синоќа на националниот стадион каде утре се игра средбата. Промената е настаната затоа што денеска на истиот стадион настап има селекцијата до 21 година на Малта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...