Македонија против Малта

Репрезентацијата на Македонија ќе игра на гости со Малта во последниот тест натпревар пред почетокот на квалификациите за Европското првенство кое 2012 година ќе се одржи во Полска и во Украина. Почетокот на натпреварот во Ла Валета е закажан за вечерва од 20 часот.

Во македонската експедиција на Малта владее оптимизам и уверување дека ќе продолжи серијата од пет победи против Малта, а и добрите резултати од пријателските натпревари каде беа остварени победи против Азербејџан и Романија.

- После два месеца репрезентацијата повторно се собира и атмосферата е одлична. Ова се подготовки за Словачка и очекувам сигурна победа против Малта за да ја продолжиме победничката серија и да ја зајакнеме самодовербата со што подготвени ќе влеземе во стартот на квалификациите за ЕП 2012. мислам дека самиот старт е најважен и доколку со Словачка и Ерменија оствариме позитивни резултати, можеме да ги оствариме нашите соништа, изјави Един Нурединовски македонскиот интернационалец кој брани во Етникос Ахна од Кипар.

Македонската фудбалска репрезентација новиот квалификациски циклус ќе го започне на 3 септември во Братислава против Словачка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...