Само еден гол, само лошо реми

Малта - Македонија 1:1 (0:1)

Прв позитивен скор за репрезентацијата на Малта на дуелите со Македонија. По досегашните 5 порази домашната селекција синоќа на дуелот во Ла Валета имаше можност да стигне и до првиот триумф. Голманот Томе Пачовски при резултат 1:1 во 63. минута со добра одбрана спречи водство и нов гол на Мајкл Мифсуд. Најдобриот стрелец на Малта и поранешен играч на Ковентри и Барнсли беше најдобриот поединец на теренот. Го постигна голот за израмнување, а имаше уште две шанси со кои можеше да & донесе победа на својата селекција. Малта по точно една година заврши натпревар без пораз.

Македонските репрезентативци разочарани го напуштија теренот, а знаци на нервоза имаше и кај стручниот штаб. Овие 1:1 се неуспешен тест за гостите, кои дојдоа по победата, а заминуваат со лошо реми.

Репрезентативците на Македонија можат да жалат за првиот дел од средбата во кој доминираа на теренот, ја имаа топката, но и неколку зрели шанси за гол. Пандев го погоди дирекот, Наумоски беше постојана закана за голот на Хог. Фудбалерот на Матерсбург се најде во идеална шанса за гол во 14. минута, но од два метра шутираше во гредата на Малта. Пандев и Наумоски беше ударниот тандем на гостинот, но голот на Хог го погоди Тричковски, кој беше на вистинското место во пресудната 36. минута кога резултатот беше 0:1. Со таа шанса завршија и шансите за составот на Македонија.

Почетокот на вториот дел донесе возбудувања уште во првите секунди. Муфсуд го израмни резултатот уште во 47. минута кога доби добра топка Брифа. Во вториот дел Малта доминираше на теренот. Фудбалерите на домашната селекција доминираа со средината од теренот каде имаше лоша игра од страна на гостинските репрезентативци. Гостинот за цело полувреме не создаде ниту една зрела шанса за гол, а главна карактеристика беше тоа што нивниот селектор Мирсад Јонуз во моментите кога Малта играше да го даде вториот гол постојано ја сецкаше играта со тоа што во игра ги стави сите играчи кои беа на клупата. Ниту резервите во составот на Македонија не успеаја да внесат живот во играта па така со оглед на шансите овие 1:1 се реален скор од дуелот во Ла Валета. Македонија доминираше во првиот дел, а Малта во вториот. Овој тест беше последна проверка на силите за двете селекции кои во септември го почнуваат квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...