Милан повторно по Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ повторно станува актуелен на трансфер пазарот, но само за Милан. Иако пополека почнаа да стивнуваат информациите околу евентуалното заминување на Швеѓанецот од Ноу Камп, вчера во јавноста се огласи и потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, кој вели дека преговорите се отворени и до недела активно ќе има задача да го договори трансферот кој долго време го најавува.

"Трансферот на Ибрахимовиќ на Сан Сиро е сè уште отворен. В среда имам закажано состанок со претседателот на Барселона, Сандро Росел, каде ќе разговараме за оваа опција. Тешко е да го кажам резулаттот бидејќи сè уште не сме зборувале за финансиските детали", изјави Галијани.

Интересно оваа изјава на Галијани доаѓа само неколку часа по изјавата на агентот на Швеѓанецот Мино Раиола дека тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, не сака да се раздели со Златан Ибрахимовиќ. На реванш дуелот со Севиља во рамките од шпанскиот Супер-куп шведскиот напаѓач не одигра ниту една минута со што се подгреаја надежите дека наскоро ќе замине во Милан.

"Нè радува интересот од Милан, но Ибра 99,9% ќе остане во Барса. Зборувавме со Гвардиола и тој ни кажа дека не сака да го продава иако призна дека ќе мора почесто да ги започнува натпреварите од клупата. Нема проблем, Барса е голем клуб, а Ибра ќе се бори за своето место во првиот тим", изјавил Раиола за Скај Италија.

Преодниот рок завршува на 31 август на полноќ, а до тогаш Милан и Барселона имаат малку време да ги испеглаат разликите и конечно да го договорат трансферот.

 

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...