Фенербахче и Спортинг бркаат негатива

Големата грчко-турска фудбалска војна меѓу ПАОК и Фенербахче му припадна на тимот од Солун со што го турна во очај клубот од Истанбул, кој потроши огромни финансиски средства ова лето за да го засили тимот токму за настапите во Европа. Управата фрли преку 20 милиони и донесе неколку квалитетни имиња меѓу кои најзвучно е Мамаду Нианг, но ни тоа не помогна да се извлече од агонијата во која се наоѓа. Претходно испадна во третото коло од Лигата на шампионите од швајцарскиот Јанг Бојс, а сега се соочува со нов удар, уште во раната фаза да ги заврши европските натпревари. На првиот меч во Грција излегоа на површина сите недостатоци во екипата. Мотивацијата беше на ниско ниво, играчите без желба да надигрување, па поразот беше неминовен. Од друга страна Грците имаа желба за триумф, а ги послужи и среќата кога Виерињо во 20. минута го постигна единствениот гол.

Затоа сите во домашниот табор се целосно мобилизирани и очекуваат висок триумф без примен гол. Освен тоа под силен притисок е и тренерот Ајкут Кочаман, кој со евентуален неуспех уште веднаш би можел да си ги спакува куферите и да си оди од клубот. Одамна е познато ривалството меѓу грчките и турските клубови, па се очекува вистински пекол на Шукру Сарачоглу во Истанбул.

Португалскиот гигант Спортинг е во уште полоша ситуација бидејќи загуби дома, од просечниот Брондби и тоа со два разлика, па на реваншот во Данска ќе им треба чудо за да се спасат.

"Навистина не знам што се случи. Противникот не нè надигра, а ни даде два гола и сега е фаворит за влез во групите од Лигата на Европа. Се најдовме во многу лоша ситуација од која можеме да излеземе само ако нападнеме. Тоа е единствената тактика вечерва. Сето друго ќе биде рамно на елиминација", изјави тренерот на Спортинг Пауло Серџо.

За разлика од нив еден од фаворитите за трофејот Јувентус оствари минимална победа против Штурм и со огромна самодоверба го очекува вечерашниот реванш. Четата на Луиџи Дел Нери не размислува за друг резултат освен за победа, па останува да се види дали реновираниот Јуве е способен да се натпреварува добро во европски рамки.



ЛЕГЕНДА: ПАОК и Фенербахче во нова голема пресметка

ЛЕГЕНДА: Спортинг мора да напаѓа - Жоао Переира на првиот дуел со Брондби



РАМКИ

Ливерпул без Џерард, Торес, Маскерано...

По дебаклот од Манчестер Сити во понеделникот, фудбалерите на Ливерпул ќе се обидат да ја задржат минималната предност против турскиот Трабзон остварена пред седум дена без главните играчи Стивен Џерард, Фернандо Торес, Хавиер Маскерано, Маски Родригез и Даниел Агер.

"Капитенот ја обнови повредата на грбот, а Агер сè уште чувствува последици од потресот на мозокот од дуелот со Арсенал, па нема да ризикуваме со него. Макси е болен, а одлучивме Торес да не игра и на третиот натпревар во серија, за да не го расипеме неговото заздравување", изјави Хоџсон, кој не сакаше да ја коментира ситуацијата со Маскерано.

Аргентинецот не сака да настапува и има намера да премине во Барселона, а токму поради овие причини Хоџсон, најверојатно, ќе го остави во Англија.

Ова е лоша вест за "Црвените" пред заминувањето во Турција и сигурно не посакуваат да се повтори 1977 година кога на последното гостување кај овој противник загубија со 1:0.



Хајдук никогаш не минал при водство од 4:1

Натпреварите од минатото и шокантните испаѓања од европските купови на Хајдук мора да му послужат како предупредување пред гостувањето кај Униреа. Сплитскиот клуб досега двапати го обезбедувал овој резултат на домашен терен, а потоа двапати губел високо и испаѓал од куповите. Првиот "шок" го доживеал во второто коло од КЕШ во сезоната 1974/75 кога го декласираше Сент Етјен на Пољуд со 4:1 и кога сите помислија дека работата е завршена, на реваншот Французите славеа со 5:1.

Вториот случај е во сезоната 1982/83 во Купот на УЕФА. Хајдук повторно се сретнал со француски противник овој пат со Бордо и со маестрална игра го совладал со 4:1. Меѓутоа, тоа не било доволно бидејќи на реваншот изгубил со 4:0.

Пред седум дена ја совладаа Униреа со "фамозниот" резултат но работата не е завршена бидејќи останаа уште 90 минути во кои сплиќаните треба да го зачуваат водството.



Балак не отпатува во Украина

Тренерот на Баер, Јуп Хајнкес ,му даде на Михаел Балак дополнителни денови за одмор со цел целосно да ја санира повредата на зглобот. Германецот се најде во составот на дуелот со Борусија Дортмунд, а Хајнкес оцени дека нема да му биде потребен за ова исцрпувачко гостување во Украина и затоа го остави во Леверкузен. Освен него поштеда добија дефанзивецот Сами Хипија и напаѓачот Стефан Кислинг, кој се пожали на ситни повреди. Германците имаат резултат од 3:0 и со една нога се во групите од ЛЕ.



ДВОЈКИ

АКТОБЕ - АЗ АЛКМАР (0:2) 18 ч.

ДИН. МИНСК - БРИЖ (1:2)

ДЊЕПАР - ВИЉАРЕАЛ (0:5)

КАРАБАХ - БОРУСИЈА Д. (0:4)

ЛОКОМОТИВ М. - ЛОЗАНА (1:1)

МАРИТИМО - БАТЕ (0:3)

ХЕЛСКИНКИ - БЕШИКТАШ (0:2) 18:45

АПОЕЛ - ГЕТАФЕ (0:1) 19 ч.

А.ВИЕНА - АРИС (0:1)

БРОНДБИ - СПОРТИНГ (2:0)

МЕТАЛИСТ - ОМОНИЈА (1:0)

ГРАСХОПЕРС - СТЕАУА (0:1) 19:30

ЛЕВСКИ - АИК (0:0)

ЛИТЕКС - ДЕБРЕЦЕН (0:2)

ПСВ - СИБИР (0:1)

ТРАБЗОН - ЛИВЕРПУЛ (0:1)

УНИРЕА - ХАЈДУК (1:4)

ГЕНТ - ФЕЕНОРД (0:1) 20 ч.

АЕК - ДАНДИ Ј. (1:0)

МАКАБИ ТА - ПСЖ (0:2)

ШТУТГАРТ - СЛОВАН (1:0)

ТАВРИЈА - БАЕР Л. (0:3)

ЛЕХ - ДЊИПРО (1:0) 20:15

УТРЕХТ - СЕЛТИК (0:2) 20:30

ТНС - ЦСКА С. (0:3) 20:35

АСТОН ВИЛА - РАПИД В. (1:1) 20:45

ЕЛСФБОРГ - НАПОЛИ (0:1)

ФЕНЕРБАХЧЕ - ПАОК (0:1)

ЈУВЕНТУС - ШТУРМ (2:1)

КАРПАТИ - ГАЛАТАСАРАЈ (2:2)

ЛИЛ - ВАСЛУИ (0:0)

МАНЧЕСТЕР С. - ТЕМИШВАР (1:0)

МАДЕРВИЛ - ОДЕНСЕ (1:2)

МАРИБОР - ПАЛЕРМО (0:3)

ДИНАМО З. - ЃЕР (2:0) 21:15

ПОРТО - ГЕНК (3:0) 21:30

* во заградата се резултатите од првите натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...