Робињо четири години во Милан

Бразилскиот напаѓач Робињо вчера попладне ги мина лекарските прегледи во Милан и парафира договор на четири години. Веќе екс-фудбалерот на Манчестер Сити направи сензационален трансфер во последниот ден од преодниот рок приклучувајќи му се на Златан Ибрахимовиќ кој еден ден претходно беше преставен на Сан Сиро.

"Фудбалскиот клуб Милан потпиша перманентен договор со Робињо од Манчестер Сити. Соработката е на четири години", стои на официјалната интернет страница на миланскиот клуб на која не беше објавена сумата која Милан ќе му ја плати на Сити но медиумите шпекулираат дека се работи за цифра меѓу 18 и 21 милиони фунти.

Робињо се приклучи на Манчестер Сити пред две години од Реал Мадрид за 32.5 милиони фунти што претставува рекорд во Премиер-лигата, меѓутоа клубот премногу очекуваше од него, а тој падна во сивило по што мораше да се бара алтернативно решение. Минатата полусезона ја мина на позајмица во Сантос каде блескаше со своите игри и уште тогаш најави дека нема намера да продолжи да игра во Англија и со сигурност ќе се пресели во Италија или Шпанија. Во игра во еден момент беше Барселона меѓутоа не загриза сериозно, а пред една недела Бразилецот експресно ги одби турските гиганти Бешикташ и Фенербахче, за во последниот ден од преодниот рок да се договори со Милан и да прејде во еден од најуспешните италијански клубови.

"Многу сум среќен. Милан е одличен клуб и чест ми е што ќе го носам "црвено-црниот" дрес. Доаѓам да го освојам "Скудетото"", изјави Робињо пред новинарите кои го следеа секој негов чекор откако пристигна во Милано.

Со тоа Милан создаде експлозивен напад од кој ќе стравуваат многу екипи. Алесандре Пато, Роналдињо, Златан Ибрахимовиќ и Робињо сигурно ќе ги "решетаат" мрежите на противниците во новата сезона. Сега "Росонерите" влегуваат како сериозни кандидати за шампионската титула во Калчо-лигата, а истовремено италијанскиот фудбал доби на квалитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...