Де Јонг исфрлен од националниот тим

Селекторот на Холандија, Берт ван Марвијк, реши да го исклучи Најџел де Јонг од националниот тим откако холандскиот репрезентативец беше виновникот што фудбалерот на Њукасл Хатем Бен Арфа заработи двојна скршеница на ногата. Вчера Ван Марвијк изјави дека нема друга алтернатива освен да не го повика фудбалерот на Манчестер Сити за дуелите со Молдавија во Чисинау на 8 октомври и Шведска во Амстердам четири дена подоцна во квалификациите за ЕВРО 2012 во Полска и Украина.

...со Чаби Алонсо...

"Немав друг избор освен да го исклучам Де Јонг од националниот тим. Го видов стартот на телевизија. Отиде премногу грубо иако немаше потреба од такво нешто бидејќи ситуацијата беше сосема безопасна. Смешно е одлуката на судијата да не го санкционира прекршокот. Очигледно Де Јонг ги помина сите граници на грубости и морам во наредните денови да седнам и да разговарам со него", изјави Ван Марвијк за холандските медиуми.

... неделниот старт врз Хатем Бен Арфа...

Се очекува на неговото место и на местото на повредените Јансен и Анита да бидат повикани играчите на Ајакс и Твенте Урби Емануелсон и Вут Брама.

Ова не е првпат Де Јонг да биде во центарот на вниманието поради своите груби прекршоци. На СП во Јужна Африка во дресот на холандската репрезентација во карате-стил стартуваше врз Чаби Алонсо во финалниот меч против Шпанија, а претходно во подготвителен натпревар му скрши нога на играчот на САД и Болтон Стјуард Холден.

...со Мартин Јоргенсен

"Ова момче мора да посети психијатар", биле зборовите на директорот на Спарта Ротердам Јан Еверс, откако го гледал Де Јонг на еден првенствен меч во холандското првенство во дресот на Ајакс.

И останатите фудбалски работници, но и голем број новинари се прашаа дали на Де Јонг му е местото на фудбалските терени.

...со Радослав Забавник...

"Де Јонг е криминалец, а не фудбалер. Погруб играч немам видено во животот. Мислам дека итно треба да се исклучи од терените. Како ли реагираат противничките играчи кога ќе чујат дека тој им е противник? Сигурно им е страв да влезат во дуел", изјави телевизискиот коментатор Хуго Ворст.

Корпулентниот Холанѓанец потекнува од академијата на Ајакс, а во првиот тим настапуваше од 2002 до 2006 година. Три сезони мина во Хамбургер, а од минатата година се пресели во Манчестер Сити за 17 милиони фунти. За националниот тим дебитираше во 2004 година и досега има одиграно 48 натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...