Другите победуваат, ние се убедуваме

Само 4 бода на 4 натпревари. Тоа не е доволно за успешни квалификации, а од друга страна националниот тим е во резултатска и играчка криза, атмосферата очајна, а иднината - ЦРНА.

Фудбалерите, селекторот... побараа поддршка и ја добија. Русија не победи во меч без свирежи од трибините и во фудбалски трилер по кој посреќниот тим стигна до трите бода. Преку ноќ некои нешта не можат да се сменат. Кај нас со години и години ни се случуваат истите работи. Играме добро, а губиме и потоа никому ништо. Но во денешно време се почесто играме лошо и губиме. Македонската фудбалска репрезентација има неуспешен старт во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2012. Сега е време да се зборува без емоции и да се сумира она што го направивме на првите 4 средби. Освоивме само 4 бода и победа само над Андора. Старт по кој треба да стравуваме. Квалификации во кои постојат реални шанси да го загубиме и она 4. место кое како да ни беше резервирано во минатото. И сегашниот редослед на табелата ја кажува вистината. Ние сме подобри само од Андора, а среде Скопје спасувавме срам на дуелот со Ерменија, која згора на тоа славеше дома и над Република Ирска.

А Русија е веќе минато. Пораз си е пораз без разлика на тоа што се случуваше на теренот. Ќе бевме радосни и во еуфорија да не игравме добро, да немавме шанси, да немавме пенал... а да одигравме барем 0:0. Се собираат бодовите, а не шансите. Тоа е основната работа во фудбалот и треба да им е јасно како на селекторите и фудбалерите така и на раководството на ФФМ.

Но Русија е меч по кој некои сакаат да купат време да избегаат од одговорноста и да ја вртат водата на друга воденица. Да кажуваат дека другите резултати во групата се од наша корист и дека се уште имаме шанси за големи дострели. Ваквите приказни сме ги слушале, слушале... и секогаш истото. А во еден ваков квалификациски циклус секогаш ќе постојат шанси. Но ние никогаш истите не сме ги искористиле. Јонуз добро знае како беше лани. Ни требаа две победи, над Шкотска и Норвешка, но и двата тие меча завршија во корист на противникот. Во ФФМ и во репрезентацијата постои една голема заблуда. Луѓето како да не можат да сфатат дека не оди па не оди и дека во секој сегмент е потребна реорганизација и поинакво сфаќање на работите.

И во време кога сите мали селекции прават чуда ние се уште сме во депресија дека сме играле добро, дека сме утнале пенал. Се прават грешки во чекори и токму таквите работи на моменти се и главната причина поради која и некоја виша сила не дава да се израдуваме. Резултатот си е резултат и затоа треба да се одговара. Можеби било вака, така или онака, но ние не сме на добар пат. Игрите и резултатите не се ништо во споредба со атмосферата во најдобриот тим. Истата не била никогаш полоша, фудбалерите не биле никогаш толку многу поделени. Нема дисциплина и тоа е главната причина за хаосот во составот. Се случуваат инциденти, караници, откажувања и никому ништо. ФФМ и селекторот со молчење се обидуваат да ги решат проблемите иако и самите се свесни дека атмосферата врие. Дека тензиите се големи и дека вака повеќе не може да продолжиме.

И во една ваква ситуација кога нема резултати, нема атмосфера - нема ниту иднина. И самиот Хаџи-Ристески во Андора со свои очи можеше да види каде стигнала репрезентацијата со неговата работа. Играчите ќе се испотепаат, а оние од неговиот УО со чевли во комбинација со тренерки се шетаат по улиците. Од срам во срам. Тоа се оние ситни детали кои имаат голем удел во некои нешта па и во онаа среќа која ја има напуштено репрезентацијата токму поради тоа што многу луѓе се залутани во овој наш фудбал и никогаш не би биле во него доколку се работи нормално и според вредноста на личностите. Затоа не треба се уште да се држиме за глава и да жалиме за пеналот на Наумоски, за "пречката" на Ристиќ.

Некогаш и Господ не ти дава да направиш чудо затоа што во македонскиот фудбал ништо не функционира како што треба. Репрезентацијата е на претпоследното место во групата, од Јонуз се бараат 6, а тој освои само 3 бода на дуелите со Андора и Русија. Што сега!? Дали постоеше ултиматум до Јонуз, кој исто така со свои зборови

нагласи дека само со максимален ефект ќе бидат спасени овие квалификации. Според реакциите по Русија ниту тој намерава да си оди, а ниту ФФМ планира да го смени. Затоа и обичниот граѓанин не треба да се чуди зошто другите од типот на Азербејџан, Ф. Острови, Црна Гора.... прават резултати, а само ние упорно стоиме на земја или тонеме. Другите работат, а нашиве во ФФМ трошат. Во другите земји мислат на успеси, а кај нас како да стигнат до личните интереси и како да ги вработат најблиските во ФФМ. Тоа е разликата...!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...