Руни официјално побара трансфер

Вејн Руни официјално побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да го напушти Олд Трафорд, објавија вчера речиси сите релевантни англиски медиуми. Клубот претходно демантираше дека планира да го продаде својот најдобар фудбалер на почетокот од идната година, но разделбата меѓу Манчестер Јунајтед и Вејн Руни се чини се поповолна.

Британскиот печат, вклучувајќи ги Гардијан и Телеграф, јави дека Руни испадна од тимот минатиот месец кога се обелоденети неговите приватни проблеми. Поради тоа напаѓачот најави дека нема да го продолжи договорот кој е со важност до летото 2012 година што значи дека Јунајтед ќе загуби многу пари ако не го продаде во јануарскиот преоден рок. Веднаш се појавија споредбите со Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој кои во последните седум години го напуштија Олд Трафорд. Не само што тројцата во своите периоди беа први ѕвезди на тимот, туку и си заминаа поради конфликти со Алекс Фергусон и нивна следна дестинација беше Реал Мадрид. Слична судбина доживеа и Јап Стам, но тој во 2001 година од Јунајтед замина во Лацио. Не е тајна дека Жозе Мурињо отсекогаш го сакал Руни во својот тим, па уште отсега јавно се претпоставува дека "Кралскиот клуб" во јануари ќе биде посилен за еден од најдобрите англиски фудбалери во моментов и прв напаѓач во репрезентацијата на Англија. Последната информација беше дека во замена за Руни, Реал на Олд Трафорд ќе го испрати Карим Бензема и одредена парична сума, а не е исклучено во зделката да биде вклучен и Ласана Диара, кој е по мерак на Алекс Фергусон.

Инаку, целиот конфликт меѓу Руни и Фергусон на виделина излезе минатата недела. Напаѓачот не беше во тимот на претходните два натпревари поради наводна повреда која минатата недела тој самиот ја демантираше. Англиските медиуми открија дека причина за неговото отсуство е скандалот со проститутката поради што Фергусон не сакал да го изложува фудбалерот на дополнителен притисок од страна на противничките навивачи, но и затоа што нема голема корист од него бидејќи тој е под голем психолошки притисок во овој момент. Руни оваа сезона има само еден гол во Премиер-лигата и тоа од пенал против Вест Хем во третото коло. Последниот гол на Руни од игра за својот клуб датира од март оваа година.

Засега, Алекс Фергусон не зборува за Руни, а добро е познато дека е единствениот менаџер во Премиер-лигата кој одбива да се појави на прес-конференција по натпреварите на неговиот тим. Шкотскиот стручњак ги одбиваше средбите со новинарите и во претходните неколку недели, но денеска ќе мора да се соочи со нив пред дуелот против Бурса во Лигата на шампионите бидејќи тоа е правило на УЕФА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...