Рајкард ќе го менува Хоџсон!?

Поранешниот тренер на Барселона и актуелен предводник на Галатасарај, Франк Рајкард би можел да стане важен дел од планот на новите сопственици на Ливерпул за воскреснување на англискиот гигант. Според дел од медиумите на Островот, холандскиот стручњак кој зад своето има две титули во Примера и една во Лигата на шампионите е еден од кандидатите за нов менаџер на Ливерпул каде би дошол во јануари ако дотогаш сегашниот предводник на "црвените" Рој Хоџсон не успее да го извлече тимот од долниот дел на табелата каде се наоѓа од почетокот на Премиер-лигата.

Наводно, новиот сопственик на Ливерпул, Џон Хенри, е подготвен да го амортизира финансискиот удар што клубот би го доживеал со евентуалниот отказ за Хоџсон бидејќи искусниот стручњак според договорот во таков случај треба да добие три милиони фунти. Во моментов Ливерпул се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, а освен лошите резултати, на навивачите не им се допаѓа ниту играта на овој тим. Рајкард пред неколку години се спомнуваше како можен менаџер на Ливерпул, а исто така беше поврзуван и во контекст со Челзи. Лошите резултати во Галатасарај оваа сезона би можеле наскоро да придонесат за отказ на Рајкард што на Ливерпул би му ја олеснила работата.

Ако сака да се спаси од најлошото, Ливерпул ќе мора и да купува во јануарскиот преоден рок иако малкумина веруваат дека идната сезона ќе игра во европските купови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...