Хаџи повторно на клупата на Галатасарај

Турскиот фудбалски гигант Галатасарај вчера официјално го именува Георге Хаџи за нов тренер на првата екипа како наследник на Франк Рајкард кој во средата доби отказ од истата функција. Романецот ја доби довербата на клупското раководство во конкуренција на Фатих Терим чие име исто така се спомнуваше како можен тренер на Галатасарај. Всушност, Терим ја одби понудата, но не и Хаџи кому ова ќе му биде втор мандат на тренерската клупа во клубот од Истанбул откако во 2005 година го освои Купот на Турција со победата од 5:1 во финалето против Фенербахче.

"Георге Хаџи е именуван за нов тренер на Галатасарај, а негов асистент ќе биде Тугај Керимоглу", објави турскиот гигант во своето официјално соопштение. Освен како тренер, Хаџи се прослави и како фудбалер во дресот на Галатасарај каде настапуваше од 1996 до 2001 година и освои по еден трофеј во Купот на УЕФА, Супер-купот на Европа, четири во турското првенство и по два во Купот и Супер-купот на Турција.

Со четири победи и четири порази во првите осум кола од првенството, Галатасарај се наоѓа на деветтата позиција на табелата, а своето деби Хаџи ќе го има во дербито против Фенербахче в недела на Шукру Сарачоглу. Интересно е тоа што на турската берза вчера акциите на Галатасарај забележаа пад на својата вредност од 1,4% откако излезе веста за ангажманот на Хаџи. Галатасарај треба наскоро да се пресели на својот нов стадион Турк Телеком арена со капацитет од 53 илјади места и со тоа да стави крај на ерата на Али Сами Јен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...