Донадони замена за Хоџсон?

Како нов менаџер на Ливерпул се споменува и Италијанецот Роберто Донадони.

Гласините кои велат дека Роберто Донадони ќе го замени Рој Хоџсон, на клупата на Ливерпул се шират со брзина на светлината.

Иако Британецот ја доби поддршката на управата, поразот од Евертон во дербито над дерби мечевите за ''црвените'', изроди најави дека Хоџсон би можел да добие отказ, доколку резултатите под итно не се подобрат.

Некои извори наведоа дека наскоро ќе биде сменет, бидејќи договор со агентот на Донадони веќе е постигнат.

Поранешниот италијански селектор е без ангажман од 2009. година, кога беше сменет од кормилото на Наполи по поразот од Рома со 2:1.

Поранешниот репрезентативец беше селектор на ''азурите'', веднаш по оставката на Марчело Липи 2006. година, по освојувањето на светската круна.

Донадони покрај слабиот старт во квалификациите за ЕУРО 2008. година, сепак успеа да ги одведе на тоа натпреварување, но Италијанците таму стигнаа само до 1/4-финалето со Шпанија, кога беа елиминирани на пенали.

Франк Рајкард исто така се поврзува со пристигнување на ''Енфилд'', а предност за Италијанецот би можел да биде фактот дека одлично говори англиски јазик, бидејќи своевремено играше во Америка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...