Мораме да го заборавиме Мурињо

Играчот за врска на Интер, Весли Снајдер, вели дека нема зошто тимот од Милано да гледа во минатото, а убеден е и дека "нероазурите" ќе ги надминат неволјите.

Снајдер им напоменал на своите соиграчи да го заборават Жозе Мурињо и да се концентрираат на начинот на работа со Рафа Бенитез.

Холандскиот репрезентативец особено ставил акцент на големото дерби со Милан во недела навечер.

''Мурињо е минато. Мораме да мислиме на сегашноста, доста гледаме наназад. Набрзо ќе ги надминеме овие моменти, а јас ќе бидам оној стариот. Овој одмор ми помага да се опуштам.'' - напишал Снајдер на својата официјална ''Твитер'' страна.

''Можеме да бидеме во уште поголеми неволји, но и за тоа постои објаснување. Вистинските навивачи ќе ги поддржат своите играчи, особено кога тие минуваат низ тежок период.'' - смета Снајдер и гледа кон дербито ''Дела Мадонина''.

''Не сакам да го загубам дербито, бидејќи токму тогаш дебитирав минатата сезона. Тоа никогаш нема да го заборавам. Станувам се подобар и потребна ми е помошта на навивачите и довербата на Бенитез. Тој е одличен тренер, исто како и Мурињо.'' - завршил Холанѓанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...