Прво исклучување на Мурињо во Шпанија

Откако во Португалија, Англија и Италија собра респектибилен број на црвени картони, стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го дочека првото исклучување во Шпанија. Во реванш натпреварот од шеснаесетфиналето од Кралскиот куп неговите фудбалери победија со 5:1, а Португалецот при резултат од 1:0 успеа да го налути судијата Хозе Луис Парадес Ромеро и притоа заработи црвен картон. Португалецот без протест ја прифати одлуката и се качи на трибината на Сантијаго Бернабе. Камерите и новинарите не пропуштија да го одбележат овој момент, а навивачите на Реал добија ретка можност да бидат во негова близина.

Меѓутоа, шоуто на "Му" продолжи на конференцијата за новинари. Тој подготви статистички податоци за главниот арбитар, а посочи дека целиот инцидент предвреме го испланирал.

"Ако го погледнете неговиот профил и статистика, самите ќе оцените дали е добар или лош судија. Зад себе има помалку од 50 натпревари искуство, а веќе доделил 250 жолти картони и 14 или 15 црвени. Тоа е просек од шест картони по натпревар. Само на дуелот меѓу Сарагоса и Мајорка покажа рекордни десет жолти и два црвени, што е премногу", им објасни Мурињо на новинарите.

Судијата на овој натпревар откри дека го исклучил португалскиот тренер поради навредливи зборови. Прво му доделил жолт картон поради преминување на полето наменето за тренерите, а потоа упатил погрдни зборови со што Ромеро морал да го санкционира.

Сега се е во рацете на дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација, а доколку го прогласи за виновен ќе добие суспензија на два натпревари.

Додека работеше во Португалија "Специјалниот" беше "омилен" кај Педро Проенка. Овој португалски арбитар го исклучуваше дури трипати.

Додека го предводеше Челзи заработи два меча суспензија во Лигата на шампионите поради навредување на судија, а во Интер заработи четири црвени картони на дуелите со Сампдорија, Фиорентина, Каљари и Јувентус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...