Солзи и бес во Англија за изгубениот Мундијал

Одлуката на ФИФА да им го додели Светското фудбалско првенство 2018 година на Русите ги шокира Англичаните, а уште поголем удар примија по резултатите од гласањето на кои и покрај големите ветувања освоија само два гласа

Кандидатурата на Англија и обидот за враќање на Мундијалот во "колевката на фудбалот" се сруши по првата рунда на гласање, во која освен гласот од претставникот на "Гордиот албион" во Извршниот одбор доби уште еден, најверојатно, од Јапонија. Првиот човек на Организацискиот комитет, Енди Енсон, беше сигурен дека неговата држава ќе ја однесе победата, но остана разочаран од ФИФА поради одлуката да ги одбере кандидатурите со најлоши технички извештаи.

Изборот е "наместен"!

Апсолутно сите медиуми во Англија се занимаваат со поразот на нивната земја од Русија во трката по Светското првенство. Најчитаните вести на интернет порталите се токму овие за Мундијалот, а Англичаните очекувано се бесни.

"Каков срам", "Како е можно да не добиеме Мундијал", "Зошто ФИФА н$ изневери?"... се дел од коментарите на самоуверените Англичани кои очекуваа СП да се игра во нивната држава. Некои го обвинуваат Би-Би-Си за дебаклот поради објавувањето на скандалот со четворицата членови на Извршниот одбор за примање мито, а веќе се "плука" и по Русија. На пример напишан е текст со главните поими кои асоцираат на Русија со наслов "Од мафија до расизам".

Таблоидот Сан отиде најдалеку тврдејќи дека изборот бил "наместен" бидејќи еден ден претходно Русите знаеле дека ФИФА ќе ги избере токму нив.

"Сорокин (првиот човек на руската кампања) знаеше дека Русија има доволно гласови и 24 часа пред изборот се фалеше во Цирих", изјавил неименуван извор за Сан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...