Кина не е безначајна контрола

Фудбалерот од средниот ред на Работнички, Никола Глигоров е еден од оние кои во националниот тим доаѓаат од домашниот шампионат. Очекувајќи го својот трет настап во репрезентативниот дрес на пријателскиот натпревар против Кина, кој на 22 декември го играме во Фуо Шан, Глигоров веќе полека, но сигурно го наоѓа своето место во репрезентативниот состав на Мирсад Јонуз...

"Среќен сум што во континуитет веќе добивам шанса во нашата најдобра репрезентација. Мислам дека ја искористив укажаната можност на дуелот со Албанија, која можеби и малку случајно се појави, па сега верувам дека во ист стил ќе ја заокружам актуелната натпреварувачка година и на пријателскиот натпревар на Далечниот исток", истакнува Глигоров дополнувајќи дека и тоа како тест-дуелот со Кина носи предизвик, без разлика што е само пријателски натпревар.

"Ќе настапиме со еден комбиниран состав, меѓутоа оваа контрола воопшто не е безначајна за нас, и како репрезентација и како поединци. Напротив, мислам дека може да биде добар патоказ и за дел од фудбалерите кои носат силна желба за докажување во националниот дрес. Има многу новоповикани, но мислам дека сите поседуваат квалитет со кој го заслужуваат повикот. Сигурно дел од овие фудбалери може да донесат извесна свежина во селекцијата и на натпреварите во рамките од квалификациите за ЕП 2012 следната година".

Според Никола Глигоров, добро е што се дава сериозна шанса и на играчите од домашното првенство. А, седуммина меѓу 18-те патници за Кина ќе ги има на списокот на Мирсад Јонуз.

"Јас сум меѓу оние кои веруваат и знаат дека, без разлика на падот на квалитетот на домашниот фудбал, во нашиот шампионат има квалитетни фудбалери кои го заслужуваат репрезентативниот дрес. Па, ние сме всушност Македонија и јасно е дека основата на подигнувањето на фудбалскиот квалитет лежи и во неопходноста и репрезентацијата да го респектира секој оној квалитет кој е очигледен и на нашата сцена. Па, сигурно и сите наши интернационалци потекнуваат всушност од нашата сцена. Па, тие сигурно не научиле фудбал за само неколку месеци откако заминале од Македонија", истакнува Глигоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...