Панчев: Просинечки под итно мора да доведе стрелец

Ако на Просинечки му биде потребен совет во врска со напаѓач за Црвена Ѕвезда, знае каде може да се обрати, изјавил за српски "Блиц" легендарниот голгетер на тимот од "Маракана", поранешниот македонски репрезентативец Дарко Панчев.

Некогашниот соиграч на новиот тренер на црно белите смета дека Ѕвезда направила вистински потег ангажирајќи го популарниот Роби.

"Просинечки оставил силен печат за време додека играше во Ѕвезда и мислам дека е завршена вистинска работа што тој е поставен за тренер и јас од срце му честитам. Тој е навистина тренерски неискусен, но како фудбалер беше виртуоз и знае се за фудбалот. Работеше и до сега како помошник селектор во репрезентацијата на Хрватска, така да не се сомневам дека ќе стори добра работа на "Маракана". Што се однесува до фудбалското знаење, тој го поседува. Единствено што ќе му биде неопходно е трпението од навивачите и помош од раководството за да се ангажираат нови играчи." - изјавил Панчев во интервју за српски "Блиц".

"Во ниту еден клуб, никој не може да промени ништо преку ноќ. Таков е случајот и со Ѕвезда и Просинечки. Но ако Роби зимава и на лето доведе неколку квалитетни засилувања, сигурен сум дека многу работи за Ѕвезда ќе тргнат на подобро. Не велам дека сегашните играчи немаат квалитет, но во спортот е барем едноставно, кога нешто не дава резултат пет-шест години, тоа треба да се менува. Не треба врз Просинечки да се создава притисок за успех на кратки патеки. Секако дека титулите се важни, но поважно е да се создаде квалитетен тим." - додал Панчев, потенцирајќи дека добро е запознаен со сегашниот тим на Црвена Ѕвезда, која оваа сезона направила добра екипа, но сепак и недостасува уште еден напаѓач од светска класа.

Одлично разбирање

Дарко Панчев изјавил дека за време на престојот во Црвена Ѕвезда, му било задоволство да игра со Роберт Просинечки.

"Роби е мој добар другар, и одлично се согласувавме и на теренот и надвор од него. Навистина имаше чувство кога треба да ме проигра и тоа веќе беше половина погодок. Умееше некогаш сите нас да не 'гуши' и премногу да ја влече топката, но на таков играч никогаш не можете ништо да му забележите." - изјавил Панчев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...