Бенитез ги брои последните часови во Интер

Тренерот на Интер, Рафаел Бенитез, ќе биде ослободен од позицијата веќе оваа недела, соопштува реномираниот италијански спортски весник Газета дело Спорт. Шпанецот охрабрен од победата над Мазембе во финалето од Светскиот клупски шампионат си дозволи да постави ултиматум до претседателот Масимо Морати да му обезбеди најмалку четири засилувања, а воедно да добие и поддршка во работата бидејќи како што вели му досадило да биде жртвено јагне, односно дежурен виновник.

"Имаме многу изморени играчи и ни требаат три-четири засилувања за да продолжиме во ист ритам. Не сакам да продолжиме вака бидејќи секој неуспех ми се препишува мене. Тие играчи мора да бидат купени сега, а не на крајот на јануари или во летниот преоден рок. Минатата сезона Масимо Морати потроши 80 милиони евра на засилувања. Купи пет фудбалери сите за првиот тим. Оваа сезона со нов тренер не купи никого! Не знам зошто, можеби сакал да донесе некого па се предомислил или причината е друга? Можам да кажам дека во летниот преоден рок бев тотално разочаран", рече Бенитез веднаш откако го пофали својот тим за светската титула.

Шпанецот сезонава се наоѓа под сериозни критики од медиумите поради лошите резултати во првенството. Интер, со два натпревари помалку, моментално се наоѓа на шестата позиција со 13 бода помалку од лидерот Милан.

Меѓутоа, неговите закани не поминуваат кај Морати. Тој е незадоволен од испадот и веќе размислува за смена.

"Бенитез ни ја расипа забавата, а моментот за вакви изјави е неприкладен. Најважно е дека фудбалерите на Интер се среќни поради титулата. За Бенитез не сакам да разговарам", изјави Морати.

Евентуалниот раскин на договорот со Бенитез скапо би го чинел Интер бидејќи Рафа има договор до летото 2012 година. Па се бараат начини да се принуди шпанскиот тренер да си поднесе оставка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...