Доколку претседателот Масимо Морати одлучи да го отпушти тренерот Рафа Бенитез тогаш ќе мора да му плати отштета од осум милиони евра. И покрај тоа што Шпанецот тврди дека клубот нема да го смени, италијанските медиуми тврдат дека прашање на време е кога отказот ќе биде официјално потврден.
Најтиражниот италијански спортски весник Ла Газета дело Спорт открива дека во договорот на Бенитез постои клаузула според која клубот може да се ослободи од тренерот без никакви "пенали" дури на лето, а ако биде раскинат уште сега тогаш освен споменатата сума како компензација за преостанатите две години од неговиот договор плус бонуси за освојување на Италијанскиот Суперкуп, како и Светското клупско првенство.
Останува да видиме дали Морати е подготвен за фрлање пари или ќе го остави Шпанецот да ја доработи сезоната, а потоа ќе размислува што понатаму.