Роналдо се пензионира

Трикратниот играч на годината според ФИФА и двократен светски шампион со Бразил Луис Назарио да Лима - Роналдо објави крај на фудбалската кариера. "Кариоката" тоа го потврди на прес-конференција во клупската база на својот тим Коринтијанс наведувајќи дека физички не може повеќе да ги издржи напорите кои ги бара фудбалската игра, а и честите повреди му ја забрзале одлуката иако првично најави дека ќе ја доигра сезоната.

"Не можам повеќе. Главата ми вели да продолжам, но телото да се откажам. Би сакал да игра уште, но се чувствувам физички немоќен и затоа мислам дека ова е моментот кога треба да се откажам од професионалното играње фудбал", изјави Роналдо.

Како потсетување, "феноменот" трипати во кариерата беше тешко повреден, а повредата на десното колено во 2008 година беше клучна. По неа повеќе не беше истиот, едногодишната пауза и прекумерната тежина си го сторија своето.

Инаку, Роналдо ја почна кариерата во Крузеиро како 16-годишен (1993 година) и даде 12 гола на 14 средби кога веднаш се виде дека се работи за талент. Следеше трансфер во ПСВ каде продолжува во ист ритам, 42 гола во три сезони беше доволна препорака за заминување во Барселона за тогашни 13 милиони евра. Одигра една сезона за паметење. Прв стрелец на лигата со вкупно 47 голови во 49 настапи во сите конкуренции. Замина во Интер за 23 милиони евра. Играше пет години и заработи тешка повреда на коленото. За "нероазурите" одигра 99 натпревари и даде 59 гола, па се врати во Шпанија но овој пат во Реал Мадрид. Играше одлично се до 2006 година, кога на Бернабе дојде Ван Нистелрој, кој му го зеде местото и оттогаш кариерата му тргна по надолна линија. Една сезона мина во Милан каде повторно заработи повреда поради која паузираше една година, а во 2009 година потпиша за Коринтијанс со кого го освои бразилското првенство. Играјќи за бразилскиот клуб повторно се повреди, но се врати да ја почне сезонава. Последниот натпревар кој го одигра е дуелот со колумбискиот Депортиво Толима (пред една недела) кога неговиот Коринтијанс беше сензационално елиминиран од Купот Либертадорес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...