Милан против проклетството

Екипата на Милан вечерва ќе се најде пред голем предизвик бидејќи веќе третпат во последните четири години се среќава со тим од Англија во осминафиналето. По поразите од Арсенал и Манчестер Јунајтед, сега Тотенхем е следниот на менито на "росонерите" кои никако не можат да се пофалат со добро на дуелите со тимовите од Премиер-лигата.

Милан имаше одлична "генералка" пред денешната пресметка со Тотенхем. Победата од 4:0 против Парма е одлична најава за она што ќе следува вечерва на Сан Сиро, но тоа никако не дава можност за опуштање бидејќи од составот кој ја "прегази" Парма ќе недостигаат Ван Бомел и Касано. Тие немаат право на настап, па тренерот Масимилијано Алегри се соочува со проблеми околу тимот бидејќи не може да смета ниту на Пирло ниту на Амбросини. Средниот ред останува ослабен, па Гатусо и Сидорф ќе мора да надополнуваат.

Адут на Милан е Ибрахимовиќ од кого се очекува со своето искуство да ги поведе колегите кон успех и остварување на доволно голема предност за реваншот.

"Не можеме да сметаме на комплетниот состав на денешната средба, но имаме доволно квалитетни фудбалери за да одиграме добар дуел и да стигнеме до победата. Во нападот ќе го немаме Касано, но мислам дека е време двоецот Ибрахимовиќ-Пато да профункционира и да донесе резултат. Сигурно дека тие двајца ќе почнат од почеток и очекувам од нив да бидат голема закана кон голот на Тотенхем", вели Алегри.

Дека нема да биде лесно е повеќе од јасно бидејќи Тотенхем сезонава веќе имаше едно гостување на истиот стадион. Против Интер губеше 4:0, но имаше неверојатен финиш кога Герет Бејл си поигруваше со одбраната на актуелниот првак на Италија и освојувач на ЛШ. Средбата заврши со 4:3 што секако е најава за одличен фудбал на денешниот двобој.

Многу од работите во Тотенхем ќе зависат од тоа дали Бејл и Модриќ ќе добијат дозвола за настап. Со нив секако играта е сосема поинаква и сите акции ќе бидат далеку поопасни. Тотенхем во Премиер-лигата покажа дека знае да се снајде и без двајцата, но овој пат ривалот е далеку поквалитетен и нуди голем предизвик.

"Би сакал да кажам дека Герет Бејл може да игра. Тоа би била многу важна информација која сигурно би внела страв во редовите на Милан. Неговото играње ќе биде многу значајно за нас, но во моментов сето ова не може да се потврди. Повредата е сериозна и не би сакале да ризикуваме. Подобро да го имаме за реваншот отколку да ризикуваме вечерва со него. Составот ќе го знам во последен момент. Доколку докторите речат дека Бејл и Модриќ може да играат тогаш ќе играме во најсилниот состав", коментираше Реднап пред денешната средба, криејќи ја тактиката и оставајќи се да се види на теренот вечерва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...