Тотенхем го освои Сан Сиро

Питер Крауч го матираше голманот на Милан, Амелија после одличната акција на Ленон, а тој гол на крајот се покажа како доволен за обезбедување на победата на првата средба од осминафиналето од Лигата на шампионите. Тотенхем по две недели ќе има убава предност на патот кон следното коло.

Уште на почетокот на средбата се виде дека Тотенхем не е дојден да се брани во Милано, туку да напаѓа и да се обиде да стигне до трите бодови. Решителноста беше причина уште во првата минута да има сомнителна ситуација за пенал. Сепак, судијата дозволи играта да продолжи, а нападите на гостинската екипа беа поконкретни. Тие покажуваа многу поголема иницијатива и беа поблизу до постигнување на погодок.

Тотенхем имаше многу посериозни шанси, но голманите Абиати и Амелија не дозволија никако изненадување во првото полувреме. Она што тие успеаја да го запрат колегите од нападот не го претворија во погодок бидејќи и Гомез имаше добра партија и оние малку посериозни шутеви ги запре без поголеми проблеми.

Таквата игра не донесе ништо во првото полувреме и ги остави почетните 0:0 и на одморот од 15 минути.

Само што почна вториот дел се виде решителност на двете страни за постигнување на гол и откривање на резултатот. Прво Ван Дер Варт шутираше за малку непрецизно од свртување. Веќе во следната акција при една нафрлена топка Јепес биеше со глава, но Гомез успеа да интервенира и да го спаси голот.

Сето она што "росонерите" не го реализираа во текот на целото второ полувреме го казни Питер Крауч во 80 минута. После една акција со две брзи додавања меѓу Модрич и Ленон, вториот успеа да избие сам до десет метри од голот на Милан. Притоа мина неколку фудбалери на домашните, а на Крауч остана полесната задача само да ја смести топката во голот на немоќниот Амелија.

До крајот имаше погодок од Ибрахимовиќ, но беше поништен од страна на судиите поради офсајд ситуација. Нервозните домаќини се обидоа и да се пресметаат по завршувањето на средбата со гостите, а најистакнат во тие моменти вообичаено беше Џенаро Гатусо кој сакаше да истера своја правда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...