Динамо Киев убедлив на гостувањето во Истанбул

Украинскиот претставник во Лигата на Европа во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Горан Попов синоќа постигна една од најубедливите победи во рамките на првите натпревари од 1/16 финалето на ова натпреварување. Динамо Киев славеше во Истанбул против Бешикташ со 4:1, а Попов во игра влезе во 73.минута на местото на Тарас Михалик.

Еден од најнеизвесните дуели синоќа се одигра во Базел, каде истоимената домашна екипа испушти водство од 2:0 на полувремето против Спартак Москва. Гостите на крајот со гол во последната минута славеа победа од 3:2. Судија на овој натпревар беше Александар Ставрев од Македонија.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Рубин Казан – Твенте 0:2, Металист – Баер Леверкузен 0:4, Андерлехт – Ајакс 0:3, БАТЕ Борисов – ПСЖ 2:2, Бенфика – Штутгарт 2:1, Лех – Брага 1:0, Наполи – Виљареал 0:0, Лил – ПСВ 2:2, ПАОК – ЦСКА Москва 0:1, Глазгов Ренџерс – Спортинг 1:1, Севиља – Порто 1:2, Спарта Прага – Ливерпул 0:0 и Јанг Бојс – Зенит 2:1.

Во вторникот Арис – Манчестер Сити 0:0.

Реванш натпреварите се играат на 22, 23 и 24 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...