Првакот на Германија, тимот на Баерн Минхен во рамките на 23.коло ќе гостува во Мајнц кај истоимената домашна екипа каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 18 часот и 30 минути.
Ова коло во Бундес лигата вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го отворат Нирнберг и Ајнтрахт.
Во саботниот термин од 15 часот и 30 минути играат: Борусија Дортмунд - Сент Паули, Фрајбург - Волфсбург, Хамбургер - Вердер, Хановер - Кајзерслаутерн и Хофенхајм - Келн.
Во недела двојките се: Баер Леверкузен - Штутгарт и Борусија Менхенгладбах - Шалке.
Табела: Борусија Дортмунд 52 бода, Баер Леверкузен 42, Баерн Минхен 39, Хановер 38, Мајнц 37, Фрајбург 34,...