"Кралевите" го уриваат малерот

Фудбалерите на Лион вечерва ќе го имаат својот нов предизвик против Реал Мадрид и во копија на минатогодишното осминафинале ќе се обидат уште еднаш да излезат како победници од овој двобој и да се пласираат меѓу најдобрите осум екипи во најсилниот европски куп. Повторно Лион е домаќин на првата средба, а со оглед на фактот што Реал Мадрид се уште не успеал да победи како гостин против овој тим во Франција, домашната екипа повторно гледа шанси за успех.

"Нашата цел е да го елиминираме Реал Мадрид и годинава. Многу го посакуваме тоа и сите сме согласни. За нас не е важно дали тренерот се презива Пелегрини или Мурињо. Не ни е ни важно дали играчите се викаат Роналдо, Кака... Гледаме само на тоа колку е тимот квалитетен и со каква игра би можеле да му се спротивставиме. Најважно е да имаме колектив. Ние имаме наша игра и систем по кој сме навикнати да играме. Нема да отстапуваме од него и ќе продолжиме. Се надеваме дека ќе бидеме успешни и ќе дојдеме до позитивен резултат", вели тренерот на Лион, Клод Пуел.

Теренот во Лион е малерозен за Реал Мадрид, но секогаш носи среќа за Лион и тоа е шансата за да се успее и овој пат. Сепак, сите традиции како што можат да бидат продолжени, лесно може и да се срушат, па затоа вечерва ќе биде многу интересно да се види кој ќе биде подобриот во овој двобој.

Само три дена откако го прослави "деветтиот роденден" без пораз на домашен терен, Жозе Мурињо мора да се соочи со нов предизвик наречен Лион, кој досега редовно го "преслушуваше" Реал на средбите од ЛШ. Тоа посебно се случуваше на Жерлан, па затоа вечерва овој натпревар за гостите од Мадрид е со посебно значење.

"Воопшто не ме интересираат бројките кои сум ги постигнал бидејќи секогаш размислувам за она што ни следи. Во моментов тоа е натпреварот од Лигата на шампионите и за мене е важен само дуелот со Лион", вели Мурињо.

Она што Мурињо го има замислено за гостувањето во Франција ќе се види вечерва на Жерланд, а дали тоа ќе биде успешно ќе зависи и од мотивот и моќта на домаќинот.

"Од моментот кога го довивме Лион за противник ние се подготвуваме за тој натпревар. Подготвивме стотина комбинации како би можеле да играме против нив. Сакам да го одиграме најдобриот натпревар сезонава на ова гостување. Овој натпревар и реваншот за три недели во Мадрид за нас се најважните оваа сезона, но и се голем дел од нашата вистина", заврши Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...