Жерлан остана неосвоив

Напаѓачот на Лион, Гоми ги одржа надежите на Лион за пласман во четвртфиналето од ЛШ откако неговиот гол беше доволен за спас од пораз во мечот во кој Реал водеше од 65 минута. Сепак, остана и натаму фактот дека Жерлан е "црн" терен за "кралевите".

Она што се очекуваше во првото полувреме практично и се случи на Жерлан во Лион. Гостите од Мадрид играа премногу внимателно и повеќе мислеа како да го сочуваат својот гол отколку да успеат да го загрозат противничкиот.

Ваквата игра не донесе ниту еден погодок по првите 45 минути. Почетните 0:0 останаа и на крајот од првиот дел од мечот, а во овој период немаше ништо посебно за одбележување од случувањата на теренот.

Затоа, пак, само што почна второто полувреме гостите тргнаа со иницијативата кон противничкиот гол. Само неколку минути беа доволни за Роналдо да ја погоди стативата и да покаже дека Реал е решен конечно да победи на теренот на Лион. Веќе во следниот напад рамката од голот на домашните се тресеше уште еднаш по шутот на Карваљо, но резултатот остана 0:0.

Нападот на гостите не функционираше. Адебајор не ги исполни очекувањата бидејќи не влезе во ниту една посериозна шанса. Тоа го натера Мурињо да го уфрли во игра Бензема во 64 минута. Веќе во првиот контакт со топката тој успеа да го совлада Јорис.

Озил одзеде една топка покрај аут линијата. Успеа да пробие до шеснаесетникот, а по две додава на мал простор топката дојде до Бензема, кој упати удар кој не беше премногу силен. Јорис задоцни со интервенцијата, а Крис не успеа да ја стигне пред гол линијата, па гостите веќе водеа со 1:0.

Мурињо се реши да го чува водството, па почна да менува за да игра дефанзивно до крајот на средбата. Тоа беше меч со две острици бидејќи остануваше доволно време за да се дојде до пресврт. Клод Пуел се реши да му даде шанса на Пјаниќ кого во Мадрид одлично го паметат по ланскиот гол за четвртфинале.

Истиот играч успеа да нафрли одлична топка во шеснаестникот. Таа дојде до Крис кој беше највисок во скокот. Успеа да ја спушти до Гоми, а овој непречен од никого го совлада Касиљас за 1:1.

До крајот ниту една шанса не беше искористена, па останаа нерешените 1:1 што е првпат за Реал да си замине непоразен од Жерлан. Сепак, проклетството остана бидејќи повторно не победи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...