Баерн го наплаќа долгот

Триумфот од 6:0 над Хамбургер во саботата ја врати самодовербата во редовите на Баерн Минхен и пред денешниот реванш натпревар од осминафиналето на ЛШ против Интер ситуацијата во клубот е далеку подобра отколку претходно. Позитивниот резултат од првиот меч (1:0) е дополнителен плус за Баерн, кој вечерва ќе се обиде да стигне и до нова победа и така да ја одбрани предноста од првиот меч.

Тандемот "Робери" функционираше одлично во саботата. Милер надополнуваше, па ова е голема закана за Интер за вечерва. Сето тоа воедно е одлична најава за меч во кој ќе може да се следи добар фудбал.

"Имавме одлична подготовка за натпреварот против Интер. Победата од 6:0 над Хамбургер ни го врати мотивот кај сите. Сега ни следи тежок меч, но психолошки сме далеку постабилни отколку што бевме пред одигрувањето на средбата против Хамбургер. Затоа, можеме да кажеме дека имавме одлична претстава на неколку дена од реваншот против Интер и сметам дека со навивачи како нашите можеме и денеска до голема победа", коментираше тренерот на Баерн, Луис Ван Гал.

На неговите коментари се надоврзува и легендата на клубот, Кајзер Франц Бекенбауер.

"Во моментов ситуацијата во Интер е подобра отколку нашата. Кога победивме со 1:0 во Милано почна еуфорија во која сите помислија дека сме направиле пресврт во сезоната. По тоа ни дојдоа три порази по ред и десет хаотични денови со многу нервози. Сепак, победата над Хамбургер е еден добар чекор напред за нас пред се на психолошки план, па денеска можеме да очекуваме успех. Факт е дека противникот никогаш не играл офанзивно, но има одлична одбрана и ќе биде тешко. Меѓутоа, мораме да бидеме оптимисти", вели Бекенбауер.

Гостите, пак, доколку сакаат денеска успех мораат да победат. Само тоа им дава некакви надежи дека ќе се вбројат меѓу четврфиналистите.

"Имаме негатива од еден гол, но имаме и фудбалери кои се способни за да се справат со ситуацијата и да надоместат. Во неизвесност сме околу составот бидејќи до последен момент нема да знам дали ќе можам да сметам на Лусио и Тиаго Мота. Двајцата имаат повреди на мускулот така што ќе видам пред натпреварот со каков состав ќе се спротивставиме на Баерн", изјави тренерот на Интер, Леонардо.

Неговите коментари ги поддржува и главниот човек во клубот, Масимо Морати, кој верува во добар резултат.

"Ова е многу важен натпревар за нас. Сакаме да останеме во Европа и да ги продолжиме средбите во ЛШ. За таа цел мораме да одиграме добар дуел денеска и да дојдеме до победа. Фудбалерите одлично го знаат тоа и јас верувам во нив", изјави Морати.

Како што стојат работите, Интер вечерва мора да победи. Доколку е 1:0 за гостите тогаш ќе има продолженија. Секоја друга победа го носи Интер во следната рунда, додека победа за Баерн или реми ги носи "баварците" меѓу најдобрите осум кај шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...