Пандев го спаси Интер

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев не само што го спаси актуелниот европски шампион Интер од елиминација во осминафиналето, туку со голот постигнат на две минути пред крајот на натпреварот против Баерн му обезбеди пласман на Интер меѓу осумте најдобри екипи.

Во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите одигран синоќа во Минхен, Интер со победата од 3:2 успеа да ја надополни негативата од 1:0, по првиот натпревар што ја имаше германскиот претставник Баерн.

По само 4 минути, Самуел Ето го доведе Интер во водство од 1:0, но до крајот на првиот дел Германците преку Марио Гомез (21.минута) и Томас Милер (31.минута) успеаја да направат резултатски пресврт и да поведат со 2:1. Во вториот дел италијанскиот тим со головите на Весли Снајдер (63.минута) и Горан Пандев (88.минута), стигна до победа која го одведе во четвртфиналната рунда.

Во вториот натпревар одигран синоќа на „Олд Трафорд’’, Манчестер Јунајтед со головите на Хернандез (5 и 75-минута) го совлада Олимпик Марсеј со 2:1, па по „француските’’ 0:0, англискиот претставник обезбеди пласман во четвртфиналето. Стрелец на голот за Олимпик Марсеј беше домашниот фудбалер Вест Браун кој во 82-минута си постигна автогол.

Интер и Манчестер им се приклучија на Барселона, Тотенхем, Шалке и Шахтјор во четвртфиналето. Кои ќе бидат последните две екипи кои ќе обезбедат место меѓу осумте најдобри во ова натпреварување ќе биде познато вечерва, откако реванш осминафинални натпревари ќе ги одиграат Реал Мадрид – Олимпик Лион (1:1 прв натпревар) и Челзи – Копенхаген (2:0). Двата натпревари започнуваат од 20 часот и 45 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...