Реал против историјата

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Лион, кој ќе го означи крајот на осминафиналето во ЛШ, не можеше да биде подобар за оваа фаза од најсилниот европски куп бидејќи старите ривали ќе имаат многу сметки за расчистување на Сантјаго Бернабе.

Лион вечерва ќе сака уште еднаш да ја повтори историјата. Клубот кој нема пораз во Мадрид и во трите гостувања трипати играше нерешено притоа секогаш тресејќи ја мрежата на "кралевите" вечерва ќе има нов обид да го продолжи својот претстој во ЛШ. Ќе биде многу потешко бидејќи досега доаѓаше со предност на стадионот на Реал, а сега првпат ќе мора да нападне за нерешениот резултат од првиот меч да го претвори во победа.

Секако предизвикот е голем и за двете екипи. Во таборот на Реал Мадрид сакаат одмазда за сите порази досега, а посебно за лани кога екипата остана без можност да игра во финалето од ЛШ на својот стадион. Затоа, вечерва ќе може да се следи одличен натпревар во кој домаќинот би требало да го има главниот збор.

"Моите играчи не се плашат од историјата. Статистиката постои за да можеме да излеземе на теренот против неа и да и противречиме. Сигурно е дека Лион има квалитет, но мораме да ги елиминираме. Ова веќе го имам направено со екипата на Порто во сезоната во која ја освоивме Лигата на шампионите.

Што се однесува до тимот со кој ќе играме се уште не можам да кажам кои ќе бидат оние 11 кои ќе го почнат мечот. Се уште не сум сигурен дали Роналдо ќе биде во стартниот состав. Го чекам мислењето на докторите. Ако тие решат дека тој може да настапи тогаш тој ќе биде во тимот. Јас сум убеден дека можеме да дојдеме до позитивен резултат. Лани успеав да направам одлична работа со Интер кога победивме тим (Барселона) кој беше опседнат да игра во финалето на Сантјаго Бернабе. Сега можеме да го совладаме Лион", вели тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Сепак, гостите нема лесно да се предадат. Тие важат како тим кој знае да одигра одлично на гостински терен. Особено добро им лежи стадионот во Мадрид каде досега редовно играат нерешено.

"Сигурен сум дека Мурињо денеска ќе игра на резултат 0:0. Ќе се обидеме да се пласираме во следната рунда. Не сме во истата ситуација како лани и сега мораме да постигнеме гол. Сепак, Лион никогаш не се плашел од никого, па така ќе биде и сега. Ќе биде многу тешко во првиот половина час од натпреварот. Тука може да се решат многу работи. Сигурно е дека Реал ако добие шанса ќе се обиде да постигне гол, но ако го издржиме притисокот во овој период од мечот потоа ќе ни биде полесно и мислам дека имаме шанси", вели претседателот на Лион, Жан-Мишел Олас.

Според сите оценки ова треба да биде "шлагот на тортата", односно еден од најубавите осминафинални натпревари. Реал оди понатаму со каква било победа или со реми од 0:0. Резултатот од 1:1 ги носи екипите во продолженија, додека секое друго реми, а посебно победа за Лион е поразителна за "кралевите".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...