Реал и Челзи последни четвртфиналисти

Екипите на Реал Мадрид и Челзи синоќа последни изборија пласман меѓу осумте најдобри екипи од Лигата на шампионите.

Во Мадрид, Реал му се одмазди на францускиот Олимпик Лион за претходните елиминации и со победата од 3:0 во реваншот (со вкупни 4:1) избори четвртфинале прво по седум години.

Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Марсело во 37.минута, Карим Бензема во 66.минута и Анхел Ди Мариа во 76.минута.

На вториот натпревар синоќа во Лондон на „Стенфорд бриџ“ Челзи и Копенхаген одиграа без голови 0:0 и благодарение на победата на Челзи на првиот натпревар од 2:0, англискиот тим обезбеди пласман во четвртфиналето.

Извлекувањето на двојките за четвртфиналето ќе се одржи утре во Нион во седиштето на УЕФА во 12 часот, а во „шеширот“ ќе бидат екипите на: Барселона и Реал Мадрид (Шпанија), Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи (Англија), Интер – европски шампион (Италија), Шалке 04 (Германија) и Шахтјор (Украина). Финалето ќе се одигра на Вембли во Лондон на 28 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...