Ирска е нашата последна шанса

"За добар резултат треба да постигнеме голови во Даблин, а потоа да ги победиме во Скопје. Немаме друг избор...", потенцира искусниот шпиц

Македонската фудбалска репрезентација веќе со месеци се наоѓа во резултатска криза. Губиме на пријателските, а губиме и на квалификациските средби. За нас пласманот на ЕП 2012 година е само сон. Не, не...!!! Има теорија, надежта последна умира, ќе се бориме до крај...! Тоа ќе го слушаме деновиве во пресрет на гостувањето кај Република Ирска. Вистината е таа, а реалноста ќе ја дознаеме в сабота, од 20.45 часот кога почнува средбата на прекрасната арена "Авива", во Даблин.

Нашите најдобри фудбалери од вчера се повторно заедно, на собир во Охрид каде ќе се подготвуваат до четврток. Изборот на Мирсад Јонуз е веќе познат па така со проверени сили патуваме на пресудниот меч. Дека тоа е така говори и шпицот Илчо Наумоски, кој меѓу првите пристигна во земјава. Фудбалерот на Матерсбург како и секогаш со голем оптимизам гледа во настапите за дресот со државниот грб.

"На секоја лоша серија и доаѓа крајот. Очекувам дека за нас ова гостување кај Република Ирска ќе донесе нешто ново. Не може постојано да не ни оди, да немаме среќа...",изјавува Наумоски, кој верува во традицијата, но и во неговите квалитети и квалитетите на неговите соиграчи.

"Овој дуел во Даблин за нас е последна шанса за враќање во квалификациите, за враќање на самодовербата, но и борбата барем за 3. место на табелата. За успех потребни се голови и затоа ние, напаѓачите, треба да ја преземеме одговорноста на овој дуел. Свесни сме дека гостуваме кај незгоден ривал кој е во подем и кај репрезентација која типува на сигурна победа в сабота. Во фудбалот нема сигурни средби и затоа ние одиме да ги изненадиме. Македонија игра добро против селекциите од Островот па затоа се надевам и на трета среќа кога станува збор за дуелите со Република Ирска. Кај нив имаме два порази, од 1:0 и 3:0, па така сега е време за резултат во наша корист".

За резултатот кој ни одговара, за шансите да се направи чудо и за математиката кај нашите репрезентативци Илчо Наумоски додава:

"Секој резултат освен пораз во Даблин ќе биде добар за нас. Потоа следи реваншот во јуни во Скопје на кој мора да ги победиме. Нема друга математика. Мораме да собираме бодови затоа што овие 4 бода кои ги имаме не се доволни за да останеме интересни до крајот на квалификациите. Знам дека оваа средба сите ја очекуваме со нетрпение за да докажеме дека претходните лоши резултати дома со Ерменија и со Русија беа само едно лошо издание".

Илчо Наумоски, Пандев, Тричковски и Ристиќ е квартетот на голгетери со кои Мирсад Јонуз патува за Даблин. Списокот е интернационален и истиот гарантира дека барем може да се надеваме на добра игра. Оие момци играат заедно со години и години и можеби сега е вистинскиот момент за кам-бек во квалификациите. Со пораз ќе бидат отпишани и до крајот на квалификациите ќе бидеме само статисти и ќе се бориме со Андора да не бидеме последни во групата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...