Мора да веруваме во себе!

"Островскиот фудбал е секогаш предизвик за нас... Верувам дека можеме до позитивен резултат во Даблин", вели Новески

Не треба да се стравува од Ирците

Сосема јасно во потрагата по позитивен резултат на гостувањето во Даблин против селекцијата на Република Ирска на 26 март, во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина, единствената можна варијанта за нас е отворен фудбал со нескриена интенција за конечен крај на "гол-постот" кој трае веќе цели четири натпревари...

"Нема да калкулираме. Знаеме дека Ирците се ранливи, па токму поради тоа нашата основна цел е први да стигнеме до погодок", е генералната филозофија на македонскиот селектор Мирсад Јонуз во очекување на пресметката на "Авива стадионот" во Даблин.

Меѓутоа, еднакво јасно е дека позитивниот резултат, кој пред се би значел триумф, а потоа и можност на краиштата да не се загуби, неизбежно покрај желбата да се постигне гол е во корелација со интенцијата да се зачува сопствената мрежа.

Одбранбената линија на националниот тим, ако се погледне според активниот индивидуален ефект на дефанзивците во своите клубови изминатиот период, е столбот кој треба да ја понесе желбата за напад. Горан Попов на левата бековска позиција, овој пат, најверојатно, со Ванче Шиков на десната страна, и стандардната стоперска двојка Игор Митрески и Николче Новески во Даблин треба да биде изборот на Јонуз за линијата пред Един Нурединоски.

"Ние секако ќе се потрудиме нашата мрежа да остане незатресена, а искрено посакуваме и се надеваме и на гол кој ќе ни отвори многу врати во продолжението во квалификациите", вели "столбот" на нашата одбрана Николче Новески, кој игра во одлична форма во дресот на германски Мајнц низ пролетниот дел од сезоната верувајќи дека тие игри пролетва може да се пренесат и во репрезентацијата.

"Она што е најважно во моментов е максимално да се подготвиме овде, во Охрид, пред се од психолошки аспект, за тоа што не очекува против Ирците. Сите знаеме дека не очекува тежок натпревар, но островскиот фудбал секогаш е предизвик за нашата репрезентација. Не треба ниту да стравуваме од нив, ниту да подлегнеме на атмосферата во Даблин", дополнува Новески.

По првите два работни дена на националните покрај охридското крајбрежје нескриена е позитивната атмосфера. Еднакво сите во тимот веруваат дека квалификациите за нас воопшто не се загубени. Ирска, во секој случај, треба да даде многу одговори.

"Свесни сме дека не очекува еден од натпреварите кои треба да бидат еден вид пресвртница за нас во квалификациите. Секако желни сме да го дадеме максимумот на теренот единствено концентрирани на нашата игра, без оптоварување во каков состав ќе играат Ирците. Мислам дека квалитетните подготовки покрај охридското крајбрежје на крајот ќе бидат пресудни околу изборувањето позитивен резултат во Даблин", вели Новески.

Селекторот Мирсад Јонуз, вчера, во Охрид за првпат го имаше комплетниот состав на располагање на попладневниот тренинг. За денеска се предвидени два тренинга на СРЦ "Билјанини извори", првиот од 10 часот, а потоа и од 16 часот. Во меѓувреме националниот тим во својата база хотелот "Инекс Горица" од 12:30 часот ќе одржи и прес-конференција пред заминувањето за Даблин кое е предвидено со чартер лет в четврток, во 12 часот од охридскиот аеродром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...