"Може да ги добиеме Ирците!"

"Ние не сме поквалитетни од Русија, Словачка или Ирска но објективно и претходно покажавме дека знаеме да играме против силни европски селекции. Време е да играме на резултат", коментира напаѓачот на Интер

Со нескриен оптимизам најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев капитенски во обид да внесе победнички менталитет во редовите на нашиот национален тим пред денешното заминување за Даблин каде в сабота против Република Ирска не очекува петтиот натпревар од Групата Б во квалификациите за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина.

По два порази, реми и само еден триумф против Андора низ досегашниот тек од квалификациите несомнено само победа на новоизградениот "Авива стадион" во Даблин не остава и натаму во игра за една од водечките позиции во групата...

"Нема што веќе да загубиме... Јасно е дека со пораз за нас надежите за успех во квалификациите веќе на половина може да завршат. Затоа неопходно е сите да веруваме во себе, победнички размислувајќи да се обидеме да триумфираме во Даблин", порача вчера на последниот ден од подготовките во Охрид, Пандев притоа нагласувајќи дека во тој контекст апсолутно потребно ќе биде да се стави крај и на "гол-постот" кој четири натпревари ја оптоварува нашата најдобра репрезентација.

"Сигурно треба да одиме на гол против Ирците. Само на тој на начин може да се надеваме на успех... Верувам дека и согласно тактичката поставеност нашата интенција ќе биде први да стигнеме до погодок кој потоа многу би ни ја олеснил задачата. Сигурно не очекува тежок натпревар. Нема ни малку да биде лесно, затоа што познато е дека Ирците играат цврст, островски фудбал, но ние едноставно мора да одиме на победа", цврсто нагласува капитенот на "црвено-жолтите".

Свесен е и офанзивецот на Интер дека Македонија дефинитивно од позадина како аутсајдер ќе се обиде да се вметне меѓу водечката тројка во Групата Б, меѓутоа вербата во сопствените квалитетите е основниот двигател кој може да не однесе до посакуваната победничка цел.

"Ние не сме поквалитетни од Русија, Словачка или Ирска, но објективно и претходно покажавме дека знаеме да играме против силни европски селекции. И натпреварот против Русија на кој несреќно ни се открадна ремито го потврдува тоа. Со малку повеќе верба во себе можеме да стигнеме до далеку подобри резултати од досегашните. И во Даблин треба да играме, без калкулации, на резултат. Сигурен сум дека може да ги добиеме Ирците!", истакнува Пандев.

А, токму во таа насока, низ обидот македонските репрезентативци добро да се подготват од психолошки аспект верувајќи пред се во своите фудбалски можности, а не оптоварувајќи се со противничките, изминативе три дена беа водени и подготовките во Охрид без напорно тренинг оптоварување...

"За нас психолошката подготовка е најважна при еден вака краток период на подготовки. Три дена покрај охридското крајбрежје искористивме за освежување на екипата, и за тактички подготовки", вели македонскиот селектор Мирсад Јонуз.

Денеска репрезентативците од 12 часот со чартер лет од охридскиот аеродром заминуваат за Даблин. По сместувањето во хотелот "Радисон" денеска предвиден е и вечерен тренинг во Даблин, еден од двата предвидени во главниот град на Република Ирска пред саботниот натпревар на "Авива стадионот".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...