Ирска ни носи спас на квалификациите!?

"Со добар резултат од Даблин ни се отвораат многу можности во квалификациите... Затоа сакаме под полна концентрација да им се спротивставиме на Ирците", вели Шумуликоски

Оптимизмот кој македонските репрезентативци го негуваа покрај охридското крајбрежје во очекување на новата квалификациска пресметка од Групата Б за пласман на ЕП 2012 во Полска и во Украина, од вчера со преселбата на националниот тим префрлен и во главниот град на Република Ирска.

Даблин, утре треба повторно да ги разгори нашите надежи за успешен квалификациски циклус, барем според позитивните најави од националниот табор, и покрај тоа што останува фактот за повеќе од скромниот резултатски старт во квалификациите. Стручниот штаб на селекцијата вчера преку првиот тренинг во Даблин индиректно само продолжи во желбата релативно опуштено националите да му пристапат на утрешниот натпревар, во обидот сепак и преку психолошката стабилна подготовка да се дојде до поволен резултат, кој единствено за нас ќе значи спас на квалификацискиот циклус. Отворен атак за триумф на "Авива" стадионот најавува и еден од најискусните во репрезентацијата, чие место е загарантирано на средината од теренот каде не очекува жестока "битка", Величе Шумуликоски...


"Одиме на победа, нема зошто би калкулирале. Само на тој начин, со еден таков резултат од Даблин ни се отвораат многу можности во квалификациите. Потоа Ирска ја очекуваме во јуни во Скопје, што значи дека продолжува надежта за една од првите позиции во групата", истакнува Шумуликоски, кој и тоа како добро го познава островскиот фудбал настапувајќи неколку сезони во редовите на англиските чемпионшиплигаши Ипсвич и Престон.

"И Ирците како и останатите островски селекции се препознатливи по својата скок игра. Едноставно, и италијанскиот селектор Џовани Трапатони е невозможно да го промени тој начин на игра ако се знае дека без малку сите нивни фудбалери настапуваат во најсилната лига во Англија. Играат цврсто, постојано во дуел 'битка'... Ние треба да се обидеме да наметнеме наша игра", дополнува Шумуликоски нагласувајќи дека најважно е да се испочитуваат стриктно зададените задачи за секој поединец на теренот.

"Натпревар против репрезентација од Островот бара максимална прецизност и постојана концентрација низ сите 90 минути на теренот. На нас, сите оние кои ќе настапиме на натпреварот, е да ги испочитуваме сите тактички замисли на селекторот. Свесни сме дека не очекува тежок натпревар но подготвени сме за тоа", вели популарниот Шуми.

Сосема еднакво е размислувањето и на повратникот во средниот ред, креаторот на играта на нашата селекција, Славчо Георгиевски кој смета дека и техничката надмоќност на нашиот националниот тим може да биде пресудна околу конечниот победник.

"Ирците својата игра пред се ја темелат на физичката надмоќ. Но, во нас има квалитет кој може да биде пресуден за крајниот резултат. Можеби е време за наш вистински позитивен резултат кој ќе ја подгрее атмосферата за продолжението од квалификацискиот циклус", вели Георгиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...