МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВЕЧЕРВА (20:45, МТВ) ГО ОЧЕКУВА КЛУЧНИОТ НАТПРЕВАР ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2012

Даблин - да нè биде или не!

* Минатото не може да се корегира, иднината не може да се контролира, затоа останува да се концентрираме само на моментот сега во Даблин конечно да направиме нешто фудбалски позитивно за себе!


Македонската репрезентација вечерва на импозантното издание "Авива" во центарот на Даблин го очекува, колку и да сакаме да се изолираме од тој впечаток, еден од клучните свои натпревари во Групата Б кој ќе го одреди натамошниот тек на нашите амбиции во квалификациите за пласман на Европското првенство 2012 во Полска и во Украина.

По Даблин, вечерва, и дефинитивно ќе биде познато колку може да нè биде или не во фудбалска Европа. Даблин го носи одговорот колку се реални постојаните оптимистички најави дека заслужуваме далеку повисоко место на картата на фудбалскиот свет, од она моменталното. Даблин го носи одговорот колку можеме конечно да направиме нешто позитивно за себе и пред Европа.

По скромниот старт на квалификацискиот циклус низ претходните четири дуели во кои се забележа само една победа над Андора, два порази од Русија и Словачка и едно непосакувано домашно реми со Ерменија, сосема е јасно дека сега нема што да загубиме... Факт е дека минатото не може да го корегираме, иднината и следните случувања во Групата Б не може да ги контролираме, па затоа останува да се концентрираме на моментот сега во центарот на "зелениот остров" да блеснеме кога ни е најпотребно.

Можеби, како никогаш досега полни куфери оптимизам македонските репрезентативци донесоа од Македонија во Ирска. Како никогаш досега во целокупната македонска експедиција во Даблин се верува во позитивен резултат. Нескриен е оптимизмот и на еден од најдобрите фудбалери во нашите редови, крилниот офанзивец Иван Тричковски, кој е убедливо најзапазен "црвено-жолт" фудбалер на последните наши натпревари.

"Мислам дека овој пат навистина ќе изгинеме сите заедно на овој натпревар, затоа што победата ни е императив", вели Тричковски, веднаш дополнувајќи:

"Ирска можеби е фаворит, но не треба да ги прецениме, секако ниту да ги потцениме. Единствено мора да го одработиме нашето на теренот по што сигурен сум дека успехот нема да изостане".

Според напаѓачот на АПОЕЛ, време е со погодок и македонскиот напад конечно да го одработи своето на зелениот терен...

"Сигурно сите кои сме во нападот посакуваме гол. Но, најмалку е важно кој ќе постигне гол. Најважно е да се дојде до триумф. А, тоа е можно единствено со максимално издание на теренот, затоа што против нас ќе ја имаме и фанатичната публика на 'Авива арена'. Добро знаеме каква е атмосферата на ирските терени, но тоа воопшто не нè плаши", истакнува Тричковски.

И селекторот Мирсад Јонуз, на прес-конференцијата вчера, на стадионот "Авива" во пресрет на дуелот за ирските медиуми истакна дека дојдени сме по позитивен резултат нагласувајќи дека тактички сите наши договори за игра на средбата се завршени, а верува дека фудбалерите до крај ќе ги испочитуваат...

"Со оглед на тоа што во овој термин немаме двојна програма, верувам дека играчите од срце, без ни малку штедење, ќе го дадат максимумот на теренот... Само така ќе може да се радуваме на успех. Од тактички аспект ги завршивме сите договори. Имаме повеќе решенија за секој дел од теренот. Верувам дека на крајот ќе успееме да постигнеме гол и да стигнеме до резултат кој и натаму ќе нè остави во живот низ продолжението од квалификациите", истакна Мирсад Јонуз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...