Скопје, 27 март 2011 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер на стадионот „Авива“ во Даблин загуби од Република Ирска со 2:1 во натпревар од 5-коло од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и во Украина.
Уште во 2-та минута Ејдн МекГиди, го најави третиот пораз на Македонија во овој циклус на квалификации. Во 21-минута Роби Кин зголеми на 2:1, а голот за македонската селекција го постигна Иван Тричковски во 45-минута.
Во групата А, покрај овој натпревар се одиграат и средбите: Ерменија – Русија 0:0 и Андора – Словачка 0:1. На табелатасега прва е Република Ирска со 10 бодови колку што имаат и второ и третопласираните Русија и Словачка, Ерменија е четврта со 8, а Македонија пета со само 4 бодови, додека последно пласираната Андора е без освоен бод.
Резултати и табели на останатите групи:
Група А: Германија – Казахстан 4:0. Табела: Германија 15 бодови, Австрија 7, Белгија 7, Турција 6, Азербејџан 3 и Казахстан 0.
Група Д: БиХ – Романија 2:1 и Албанија – Белорусија 1:0. Табела: Франција 12 бодови, Белорусија 8, Албанија 8, БиХ 7, Романија 2 и Луксембург 1.
Група Ф: Грузија – Хрватска 1:0, Израел – Летонија 2:1 и Малта – Грција 0:1. Табела: Грција 11 бодови, Хрватска 10, Грузија 9, Израел 7, Летонија 4 и малта 0.
Група Г: Велс – Англија 0:2 и Бугарија – Швајцарија 0:0. Табела: Англија 10 бодови, Црна Гора 10, Швајцарија 4, Бугарија 4 и Велс 0.
Група Х: Кипар – Исланд 0:0 и Норвешка – Данска 1:1. Табела: Норвешка 10 бодови, Португалија 7, Данска 7, Кипар 2 и Исланд 1