Пандев и Интер пред невозможна мисија

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и неговиот Интер ги очекува повеќе од невозможна мисија во обидот вечерва на реванш средбата од 1/4-финалето во Лигата на шампионите против Шалке 04 да стигнат до уште една сензација и пласман меѓу најдобрите четири екипи во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Лесно може да се случи одбраната на минатогодишната титула за "нероазурите" вечерва да заврши во Гелзенкирхен со оглед на огромната предност од 5:2 која Шалке 04 ја има од првиот натпревар одигран пред една недела во Милано. Малку кој верува дека четата на бразилскиот менаџер Леонардо може да стигне до уште една елиминација на германска екипа по онаа претходната на Баерн Минхен, посебно во ситуација кога Интер треба да брка негатива од три гола.

Според најавите во италијанските медиуми, македонскиот репрезентативец повторно, како и на последните две средби на Интер, од клупата ќе ја очекува својата шанса за настап на средбата. Леонардо најавува тактичка формација 4-3-1-2 со Самуел Ето и Диего Милито во нападот, и Весли Снајдер веднаш за напаѓачката двојка, и покрај ставовите на италијанската фудбалска јавност дека Пандев мора да добие место во стартната постава посебно ако се знае неговата одлучувачка улога при претходната елиминација на Баерн Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...