Шалке по вторпат над Интер

Фудбалерите на Интер се збогуваа со титулата, а со тоа ја продолжија "црната традиција" која ги следи актуелните прваци. Ниту "нероазурите" не останаа имуни и ја завршија одбраната на круната освоена лани уште во четвртфиналето. Мечот во Гелзенкирхен беше последен сезонава во ЛШ за Интер, па на 28 мај, Европа ќе добие нов господар на тронот.

Сите најави дека Интер ќе дојде до победа на овој дуел и тоа со 4:0 за да продолжи понатаму се виде дека се преоптимистички уште после дваесетина минути игра. Брзо стана јасно дека фудбалерите на Интер не можат да се снајдат со противничките и тоа водеше кон нерешен резултат на полувремето. Немаше премногу сериозни акции, а со тоа немаше ниту погодоци, па во финишот од првите дел се влезе без голови.

Сепак, кога сите очекуваа судијата да означи крај на средбата Раул успеа да им избега на своите чувари. При една акција тој изби сам пред голманот Цезар, кој го помина со еден потег, па не му беше воопшто тешко да ја внесе топката во празниот гол. Во последната минута од првото полувреме Шалке поведе со 1:0, а тоа беа вкупни 6:2 за германскиот тим.

Само четири минути игра во вториот дел од средбата беа доволни за тимот на Интер да успее да стигне до погодок. Леонардо на полувремето го внесе во игра Пандев, а тоа се виде веднаш и колку е поопасен Интер со нашиот интернационалец во нападот. Тиаго Мота донесе израмнување, но после ова одново се смирија страстите. Шалке 04 играше смирено, па доколку судиите не досудеа офсајд многу порано можеше да се прослави победата. Сепак, во финишот домаќинот ги постави работите на свое место и успеа да стигне до гол откако Ховедес ја измами одбраната на Интер и остана сам, па без проблеми го совлада Хулио Цезар на девет минути до крајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...