Навистина верував дека можеме да се пласираме во полуфиналето

Откако актуелниот европски првак Интер ја предаде титулата во 1/4-финалето од Лигата на Шампионите, тренерот на "нероазурите", Леонардо ги прокоментирал двата меча против германски Шалке.

Првиот натпревар Шалке го доби среде Милано со 5-2, а пласманот во полуфиналето и двомечот со Манчестер Јунајтед го обезбеди пред своите навивачи со нова победа од 2-1.

"Верував, навистина верував, дури и по првиот натпревар, дека можеме да си обезбедиме полуфинале. Во првиот дел имавме иницијатива и го контролиравме натпреварот, но не создадовме шанси за погодок. Сонував за наш голем кам бек, кој и можевме да го направиме, само да постигневме гол во вистински момент на реваншот, на почетокот од натпреварот." - изјавил Леонардо.

"Во некои ситуации, гледајќи ги двата меча, не можевме ништо подобро да сториме од тоа што го направивме. Ако се осврнеме на погодоците, особено на оние во Милано, нашата одбрана секогаш беше поставена и подготвена. Кога конечниот резултат е ваков, не можеме да кажеме дека одлучила само една работа. Ја плативме цената, бидејќи потрошивме многу енергија последните месеци. Во првенството и Лигата на Шампионите. Влеговме со проблеми во одлучувачката фаза од сезоната."

Додал уште и дека настапот на Весли Снајдер не го разочарал.

"Не сум разочаран од Снајдер, особено во вакви услови во кои на секој наш играч му беше тешко. Играчите на Шалке стриктно го покриваа, а останатото го стори заморот."



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...