Ел Класико за пехар во Купот

Вечерва, со почеток од 21:30 часот, на Местаља во Валенсија екипите на Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат својот трет меч сезонава, а втор во серијата од четири "Ел Класико" дуели во период од 18 дена. Ова е дуел кој ќе ја донесе првата титула сезонава за некој од двата тима и затоа се очекува со големо нетрпение од сите љубители на фудбалот.

Двобојот кој се нарекува "Ел Класико" е магнет за сите фанови. Покрај најзагреаните навивачи на Барселона и Реал Мадрид двобојот меѓу овие два тима секогаш се следи со големо внимание и од сите други вљубеници во фудбалската игра. Тоа е вонземски фудбал и затоа сите очекуваат да уживаат во 90-минутната претстава која овој пат ќе се одвива пред 55.000 гледачи на Местаља.

"Ова е голем плус за навивачите кои секоја година со нетрпение ги очекуваат двата дуели од 'Ел Класико' во Барселона и Мадрид. Сега имаат можност да проследат пет. Тоа е секако фантастично и значи многу и за нас", вели Чави, кој го менува Пујол во улогата на капитен кога одбранбениот играч не може да настапи.

По ремито во саботата кое не донесе ништо ниту за едниот ниту за другиот тим, сега сето внимание е насочено кон финалето кое ќе го упати пехарот за Купот од Валенсија во еден правец. Денеска околу полноќ пехарот ќе тргне на пат кон Барселона или кон Мадрид.

"Секогаш играме подобро против големите тимови. Со Реал Мадрид имаме екстра мотивација бидејќи тој е нашиот најголем и најстар ривал. Исто така е и најтежок ривал и секогаш било така без разлика во кое натпреварување и со какви состави сме се соочувале. Јас ги сакам ваквите предизвици и за мене дуелот во Копа дел Реј е многу поважен отколку оној во Примера. Верувам во нашите можности", изјавува Чави пред денешното финале.

Капитенот, пак, на Реал Мадрид, Икер Касиљас исто така верува дека неговиот тим вечерва, конечно, ќе успее да дојде до трофеј во Купот по долга пауза.

"Ова е многу важно натпреварување за Реал Мадрид. Не смееме да си дозволиме да не го освоиме веќе 18 години. Затоа овој натпревар ни е уште поважен отколку што би бил доколку околностите не се вакви. Ова за нас е витален натпревар. Во клубот сум 11 години и никогаш не сум го освоил Купот на Кралот. Сите во клубот зборуваме за тоа дека дојде време за освојување на многу трофеи. Знаеме дека тоа нема да биде лесно. Не очекува нова средба на двата најголеми тимови во Шпанија и како и секогаш се е можно. Сепак, ние веруваме во нашите можности и се надеваме дека ќе си заминеме со пехарот од Валенсија", вели Касиљас.

Ова е голем меч за двете екипи. Реал Мадрид нема победа против Барселона на веќе на шест средби или од 7 мај 2008 година. По пет последователни порази во Примера, Реал во саботата, конечно, дојде до реми, но не убеди со играта. Затоа денешниот дуел е од големо значење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...