Ова не е само мој трофеј

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, синоќа освоениот пехар во кралскиот Куп им го посвети на сите на ''Сантјаго Бернабеу''.

Роналдо по убавата акција на Ди Марија со глава го совлада голманот на Барса и му го донесе првиот пехар на Реал сезонава, но и на Мурињо на клупата на "кралевите".

Тоа воедно беше и прва победа на "Специјалниот" над Барселона од кога е тренер на тимот од Мадрид.

''Трофејот не е мој, тој им припаѓа на сите во клубот. Победувањето со Реал е убаво, но мојата задача овде не е само освојување на трофеи. Се е во промена на структурите во клубот и менталитетот на луѓето. Да не го освоевме Купот, единствената разлика ќе беше во тоа што ќе бевме тажни.'' - рекол Мурињо.

Изразил пофални зборови за својата тактика.

''Направивме неколку грешки, но тактички бевме многу добри. Во продолженијата Барса беше уморна и фрустрирана што веќе не стигнаа до успехот на кој се навикнаа. Беше израмнет меч. Бевме подобри во првиот дел, Икер и Пепе беа сјајни.'' - изјавил португалскиот тренер и додава:

''Не можам да кажам дека му го вративме успехот на клубот. Освојување титули е секогаш добро, но особени пофалби одат на адреса на луѓето со кои работев, бидејќи тие ми овозможија освојување на трофеи во четирите најсилни лиги. Луѓето можат да ме критикуваат, но се трудам да создадам најдобри ситуации за моите играчи. Важно е да останеме колективно силни, бидејќи се работи за фудбал''.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...