Манчестер чекори кон Вембли

Со предност од 2:0 од првиот меч кој се одигра во Гелзенкирхен екипата на Манчестер Јунајтед денеска ќе излезе на терен против составот на Шалке 04 во обид да даде потврда за пласманот во финалето кое на 28 мај се игра во Англија на Вембли.

Иако речиси сите го сместија составот на Манчестер во финалето, сепак, останува до последен момент неизвесно што ќе се случува. Домаќинот има голема предност, но мора да одработи уште еден добар дуел за да се избори за финалето. Шалке 04 е тим кој игра посебно добро како гостин и затоа на овој дуел домаќинот нема да има воопшто лесна задача за да стигне до победа. Ќе мора да биде многу добар за да може да се надева на место во главниот натпревар сезонава.

За да биде работата покомплицирана, Манчестер веќе не е така сигурен на патот кон титулата во Премиер лигата. Во недела, пак, следува дерби дуелот со Челзи во битката за титулата, па сето ова го прави периодов максимално тежок за момците на Фергусон.

"Пред нас се две тешки и многу клучни средби кои мораме да ги одиграме во само неколку дена. Немам избор и морам да бидам рационален и едноставно да го освежам тимот за денешната средба со Шалке 04. Некои играчи кои беа на клупата на првиот меч сега ќе се најдат во тимот.

Во првите 11 влегуваат Сколс, Бербатов и Овен. Можно е да има уште една до две измени, но ќе го видиме тоа пред натпреварот. Мислам дека и со ваков тим ќе можеме до добар резултат. Се наоѓаме во многу подобра позиција од противникот и ако сакаме да успееме во нашите намери мораме да продолжиме во ист стил како досега. Одиме да ги оствариме нашите цели од почетокот на сезоната до крајот", вели Фергусон.

Неговиот колега Рангник, пак, во првенството веќе нема дилеми. Шалке 04 не може да направи ништо повеќе од она што досега го има сторено. Резултатот е сосема јасен. Шалке 04 стои цврсто на средина од табелата, па сите мисли се насочени само кон денешниот меч. Проблемите со визите сигурно нема да внесат немир во таборот на тимот од Гелзенкирхен, а кој и да е составот домаќинот е голем фаворит на овој дуел.

"Одиме со негатива од два гола на ова гостување, а домашниот тим е голем фаворит. Ќе биде тешко за нас да успееме да стигнеме до позитивен резултат на овој меч и да ја повториме играта од средбата против Интер. Едноставно Манчестер заврши голема работа на првата средба, па нас сега ни останува да одиграме добар натпревар и да направиме се што е во наша моќ за да извлечеме колку е можно подобар резултат. Ќе биде максимално тешко, но мораме да се обидеме да направиме се што можеме и да се вратиме од Англија со кренати глави. Сепак, и самиот пласман во полуфиналето е голем успех за тим как Шалке 04", вели Рангник.

Инаку, сосема е јасно дека на Шалке 04 му се потребни барем два гола за да се избори за продолженија, но во ситуација да не прими ниту еден гол. Со три гола е многу близу до пласман понатаму, но со разлика од два гола. Во секој случај ова се само желби и предвидувања. Реалноста вели дека Манчестер Јунајтед е со еден чекор во полуфиналето. Треба само да ја одработи задачата на реваншот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...