Манчестер убедливо до триумф

Новата победа на Манчестер Јунајтед против Шалке 04 му донесе пласман во финалето од Лигата на шампионите, па на 28 мај на Вембли, Англија ќе има свој претставник. Шалке 04 не успеа да направи изненадување, а претрпе катастрофа откако домашните беа безмилосни и постигнаа дури четири гола.

Манчестер тргна поофанзивно на стартот од средбата. Домаќинот беше решен уште во првиот дел од мечот да го потврди својот пласман во финалето од Лигата на шампионите, каде што ден претходно беше пласиран и составот на Барселона.

Како што одминуваше времето притисокот стануваше се поголем, па грешките стануваат се позачестени во тимот на Шалке 04. Една таква грешка на средина од теренот му овозможи на тимот на Манчестер да дојде до шанса за прв погодок на средбата.

Дарон Гибсон успеа од далечина да го проигра Валенсија кој беше доволно брз за да може да се најде пред своите чувари и без поголеми проблеми да бие во голот на Нојер кој беше немоќен за да го спречи ударот. Ова се случи во 26 минута, а само пет минути подоцна стана јасно дека отпорот на гостинот е целосно скршен.

Асистентот на првиот погодок, Гибсон одлучи самиот да ја реши ситуацијата. Биеше од 15 метри, а голманот Нојер за сето она што го направи одлично на првиот меч сега се посрами. По негова грешка топката заврши зад неговиот грб, па Манчестер веќе имаше водство од 2:0, а со тоа и предност од 4:0 во севкупниот дуел.

Шокот на гостинскиот состав траеше кратко бидејќи фудбалерите на Шалке брзо успеаја да се вратат во игра. После една одлична акција, Хурадо за момент остана сам на нешто повеќе од десет метри од голот на Ван Дер Сар. Беше доволно брз за да може да бие во противничкиот гол, па на тој начин го намали водството на домашните на 2:1.

И покрај сето ова уште претходно беше јасно дека Манчестер е во финалето, па во продолжението се чекаше само на формална потврда на вториот финалист.

Второто полувреме навидум беше мирно и немаше некои посериозни акции коишто навестуваа гол. Таква беше и онаа во 72 минута кога Андерсон постигна одличен гол. Успеа да се снајде најдобро и откако прво се сврте биеше во голот на Нојер кој не успеа да интервенира. Андерсон го постигна и четвртиот гол за Манчестер четири минути подоцна и ја потврди катастрофата на Шалке 04.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...