Се повтори 2009 година

Екипите коишто пред две години играа во финалето од Лигата на шампионите и годинава на 28 мај ќе си ги одмерат силите во главниот натпревар од најсилниот европски куп. Она што сите го посакуваат веројатно ќе го добијат во последната сабота од овој месец кога ќе биде доделен пехарот за тимот кој успеал да постигне најмногу во Лигата на шампионите.

Заслужено или не? Со помош од судиите или со голем труд на теренот? Веќе не ни важно. Може да се набројат уште многу прашања коишто си ги поставуваат екипите што не изборија пласман во финалето од ЛШ, но едно е сосема јасно и нема да се измени. Во новото финале од ЛШ ќе играат Барселона од Шпанија и Манчестер Јунајтед. Двете најсилни лиги во моментов Примера и Премиер ќе играат за титулата и ова е гаранција за добар фудбал.

И Гвардиола и Фергусон се тренери што играат пред се напаѓачки. Иако Фергусон често знае добро да се затвори, сепак, тој важи како тренер што сака офанзива. Затоа и на оваа средба сите мисли се насочени кон тоа како да се видат што поголем број на голови.

Кога пред две години овие екипи се најдоа во финалето сите гледаат кон Манчестер како главен фаворит за победата. Во обложувалниците овој тим беше благ фаворит, но на теренот имаше сосема друга приказна каде што Барселона ја имаше контролата и победи со 2:0.

Манчестер сака реванш за 2009 година - Чави и Парк

Тогаш Манчестер го имаше Роналдо и затоа сите сметаа на него дека ќе го понесе тимот кон титулата. Сепак, место тоа Барселона успеа да се издигне над тогашниот фаворит. Овој тим внесе нешто ново во финалните дуели од ЛШ играјќи одличен фудбал во текот на сите 90 минути.

Сега приказната е поинаква. Барселона е фаворит за повеќето и сите очекуваат Каталонците да дојдат до нова титула. Ќе биде многу тешко бидејќи Манчестер играше одличен фудбал во текот на целата сезона во ЛШ. Барселона имаше големи проблеми, но успеа да дојде до финалето.

Затоа, на 28 мај сите патишта ќе водат кон Вембли. Само најсреќните, а веројатно и оние најбогатите ќе стигнат до билет за да можат во живо да го следат овој натпревар. Другите ќе можат овој спектакл да го следат пред ТВ екраните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...