"Сефте" за Брага или Порто по вторпат?

Вечерва Даблин ќе блесне во сиот свој сјај бидејќи на националниот стадион Авива ќе се одигра големото финале во Лигата на Европа меѓу Брага и Порто. Двата претставници ќе се обидат на Европа да и го доловат португалскиот фудбал, а гледачите очекуваат пред се прекрасен меч исполнет со многу голови.

Брага го нема педигрето на Порто меѓутоа оваа екипа поседува нешто што многу други тимови би сакале да го имаат, а тоа се фудбалери кои ги краси упорноста, мотивацијата и борбениот дух. Досега тоа им носеше резултати и токму ова може да биде пресудниот фактор и на вечерашното финале против гигантот Порто.

Од друга страна Порто како најтрофеен португалски клуб во Европа очекува да ја продолжи жетвата на титули и повторување на успехот од 2003 година кога стигнаа до пехарот. Имаат амбициозниот тренер Андре Вијас-Боаш, поседуваат фантастични фудбалери кои се наоѓаат во вистинска форма па тоа е нивниот клуч за успех на стадионот во Даблин.

Брага направи големи изненадувања во Лигата на Европа сезонава. Ги елиминира поквалитетните Ливерпул, Динамо Киев и Бенфика и покажаа дека на нив треба сериозно да се смета. Фудбалерите го живеат сонот и посакуваат да го искачат последното скалило и конечно на своите гради да почувствуваат златен медал. Со цел да го оттргне вниманието на медиумите и псхилошкиот притисок тренерот Домингош Пасиенса направи одлична тактика, му ја препушти фаворитската улога на противникот.

"Играме против силен противник кој е фаворит за трофејот. И покрај тоа не посакувам овде да застанеме. Мора да се обидеме да победиме. Па и да не успееме фудбалерите заслужуваат да добијат аплауз и да се вратат во Брага со кренати глави", изјави Пасиенса.

Слично размислува и капитенот на тимот Вандињо кој вечерва ќе има сериозна задача да биде креаторот на играта на Брага и да ги "сече" акциите на противникот.

" Тоа што сме аутсајдери на дуелот не ме загрижува. Сакаме да бидеме шампиони. Ја играме најдобрата сезона во историјата на клубот и пехарот би бил "шлагот на тортата"", изјави Вандињо.

"Змаевите" од Порто се свесни дека новата титула им е на дофат меѓутоа тоа ќе мора да го остварат на теренот, а не на хартија. Многумина ги сметаат како сигурни освојувачи, а токму тоа му смета на тренерот Вијас-Боаш кој вели дека токму оваа улога може негативно да се одрази врз психата на играчите.

"Не секогаш победува фаворитот. Најлошото нешто во фудбалот е да се потцени противникот бидејќи тоа е рамно на самоубиство. Моите фудбалерите мора да мислат на својот начин на игра, а не кој им е противник. Брага не е лесен противник. Во последниве години бележи голем напредок и не ме изненадува што е во финале. Можам да кажам дека ќе биде интересно финале", изјави Боаш.

Како и да е Португалија вечерва ќе слави. Ќе има победник во Лигата на Европа, а дали тоа ќе биде Порто или Брага ќе одлучат актерите на зелениот терен. Нам ни останува да се надеваме на одлично финале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...