Очекувано, трофејот за Порто

Фудбалерите на Порто се новите освојувачи на Лигата на Европа откако во финалето во Даблин ја совладаа Брага со 1:0. "Змаевите" демонстрираа квалитетен пред се мудар фудбал и уште еднаш ја потврдија својата супериорност и голема желба за победа. Откако се закитија со титулата во првенството, сега во висок стил го освоија пехарот во Лигата на Европа па имаат шанса да ја заокружат успешната сезона со три трофеи бидејќи на крајот на овој месец играат и во финалето на националниот Куп.

Брага дојде да испише историја првпат да крене европски пехар и за разлика од претходните натпревари каде одигра на резултат овојпат се реши за поотворена варијанта со три напаѓачи меѓутоа недоволното искуство и поквалитетниот противник беа клучни за нивниот неуспех.

Двете екипи почнаа претпазливо не обидувајќи се да нападнат сериозно, па се чинеше дека натпреварот ќе биде досаден и воопшто нема да наликува на фудбал. Да не биде така се погрижи Порто во 44 минута. Фреди Гуарин поведе една акција по десната страна, ја нафрли топката до главата на Радамел Фалкао, а овој ја погоди мрежата на Артур.

Веднаш по стартот на второто полувреме Брага имаше шанса да израмни. Нововлезениот Мосоро ја искористи грешката на Фернандо и излезе сам пред Хелтон меѓутоа шутираше лошо во неговите нозе. Изнанадувачки иако играше со три напаѓачи тоа беше единствената шанса која Брага ја создаде на овој натпревар. Рака на срце и дефанзивците на Порто одиграа на високо ниво и на околу 20. метри ги спречуваа сите акции на противничките напаѓачи. Тренерот на Брага Домингош Пасиенса проба да смени нешто во пристапот измести неколку фудбалери на теренот внесе нови на теренот меѓутоа не успеа да стигне до целта.

Порто по вторпат го подига пехарот во Лигата на Европа откако во 2003 тоа им тргна од рака со Жозе Мурињо на клупата. Сегашниот тренер Андре Вијас-Боаш чекори сигурно по стапките на неговиот претходник и па наскоро може да се очекува негов ангажман во некој од европските гиганти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...